Стеф Кари го торпедира Њујорк Никс со 8 тројки

Голден Стејт Вориорс на крилјата на Стеф Кари ја запиша и седмата гостинска победа по ред во НБА лигата. Ова е и 31. триумф на тимот на Стив Кер.

Стефон Кари постигна 31 поен (11/26 од игра и 8/18 за три) со 11 скока. Џонатан Каминга додаде 25 поени и 8 скока а Клеј Томпсон 16 поени.

Кај Никс нивниот лидер Џајлен Брансон уфрли 27 поени, Донте Динвинченцо стигна до 16 поени со седум скока а Џош Харт 14 поени и дури 18 скока и седум асистенции.

1 март 2024 - 08:34