Стеф Кари дефинитивно е најлуд тројкаш

Лидерот на поранешниот шампион Голден Стејт постигна 45 поени (8/13 за три поени, 25 поени во прва четвртина) со 10 скока, па после Лејкерс, воините го урнаа и другиот фаворит од Лос Анџелес, ЛА Клиперс 115-113. Кари по 62. пат во кариерата постигнува најмалку 8 тројки во НБА меч.

На останатите натпревари, Мајами неочекувано лесно го покори шампионот Милвоки Бакс со 137:95 благодарение на Тајлер Хиро кој уфрли 27 поени со 6 скока и 5 асистенции. Поддршка имаше од Џими Батлер (21 поен) и Бам Адебајо (20 поени). Адетокумпо, МВП-то од минатата сезона имаше слаба вечер со 15 поени и 10 скока.

Далас изгуби на гости кај Атланта 113-87. Хоукс ги предводеше Камерон Редиш со 20 поени, а Дончиќ уфрли 18 поени со 11 скока и 7 асистенции кај Маверикс.

22 октомври 2021 - 10:00