Што беше со тројкава на Леброн од предградие?

Поради новиот концепт плеј-ин кој за многумина е глупост, а за други е генијален изум, синоќа за влез во плејоф играа ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Во директен дуел на Стеф Кари и Леброн Џејмс, поуспешен беше постариот. Лејкерси славеа 103-100 и тоа со тројка на Леброн во последните секунди од преку 10 метри.

Таканаречениот плеј-ин е концепт кој управата на НБА го воведе од сезонава. Директни ривали за плејоф играат меѓу себе. Лејкерс и Леброн го победија Голден Стејт Вориорс. Ентони Дејвис уфрли 25 поени, а Брон имаше 22 поени, 11 скока и 10 асистенции за нов трипл-дабл.

Кај воините Стеф Кари запиша 37 поени со што уште еднаш потврди дека токму во моментот кога игра во врвна форма, ќе мора да ја искористи втората шанса што ја пружа плеј-ин а тоа е дека Голден Стејт ќе мора да го победи Мемфис кој изгуби од Сан Антонио 100-96 во вториот меч од плеј-ин.

На Истокот ваква шанса после поразите на првите мечеви во плеј-ин добија Индијана и Вашингтон.

20 мај 2021 - 11:45