Луди потези на Ол Старот, Јанис растури, Дончиќ и Јокиќ лежерно

Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.

И во време на глобалната пандемија, НБА не престанува да биде право шоу. Викендот на сите ѕвезди, еден од најгледаните светски настани секоја година, се одржа и покрај најавите дека годинава би можел да паузира поради вирусот.

Најголемите НБА ѕвезди правеа чуда на паркетот, забавата беше врвна и кулминираше со Ол-Стар мечот. Тимот предводен од Леброн Џејмс славеше против тимот на Дурент кој го одбра тимот но не играше поради повреда.

МВП на Ол-Старот беше неверојатниот Грк со нигериско потекло Јанис Антетокумпо кој постигна 35 поени со нестварни 16/16 од игра!

Ова е историски рекорд на Антетокумпо, досега никој во историјата на Ол-Стар натпреварите не погодил ни одблизу толку обиди како Гркот. Досегашниот рекорд датирал од 1968-ма година кога Хал Грир погодил се ама двојно помалку обиди од Антетокумпо пред 53 години.

Сите ѕвезди како да беа во сенка на Greek Freak и на Стеф Кари. Јанис немаше промашен шут, а Кари на луд начин уште во прво полувреме погоди три тројки од пола терен!

Дамјан Лилард додаде 32 поени кај победникот, а Стеф Кари 28. Никола Јокиќ придонесе со само 6 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Лука Дончиќ исто имаше скромна вечер со 8 поени. Леброн Џејмс, верувале или не погоди само 4 поени за 13 минути на паркетот.

Во тимот на Дурент се истакна Бредли Бил со 26 поени, Кајри Ирвинг постигна 24 поени, а Харден и Џејсон Тејтум по 21. Никола Вучевиќ додаде 5 поени и 7 скока.

 

*******

Пред главниот меч, се одржа натпреварување во најдобри вештини во кое победи Домантас Сабонис кој во финалето беше подобар од Никола Вучевиќ.

Во натпреварот во шутирање тројки, традиционален дел од Ол-Старот, најдобар, како што се очекуваше беше Стеф Кари. Лидерот на Голден Стејт и повеќекратен МВП во НБА до триумф дојде со последниот шут односо со шарена топка која вреди 2 поени. Во финалето Кари имаше 28 поени, 1 повеќе од сјајниот член на Јута Мајк Конли 

ШЕКИЛ ЗАСПА И ХРЧЕШЕ КО ПИЛА, ВЕЈД ГО СНИМАШЕ

КАКО ПОМИНА ТУРНИРОТ ЗА НАЈДОБРО ЗАБИВАЊЕ НА ОЛ СТАРОТ?