Ѓоковиќ пред неколку дена го следел дуелот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс односно Никола Јокиќ и Леброн Џејмс, а сега бил присутен и на дербито меѓу Голден Стејт Вориорс и ЛА Лејкерс.
Новак и Кари си поделија подароци со автограми. Тие двајца важат за едни од најдобрите на сите времиња во своите спортови:
Curry x Djokovic 🏀🎾 pic.twitter.com/IGqLraurlI
— NBA (@NBA) March 17, 2024
На крајот Воините славеа 128:121 во натпревар кој имаше многу контроверзни судиски одлуки.
На овој натпревар Ѓоковиќ беше сведок на една многу чудна сцена која што ја разбрани НБА лигата. При еден напад на Вориорс, часовникот за мерење (се гледа во долниот десен агол) се ресетирал сам од себе а никој од актерите на теренот не го забележал тоа и нападот траел подолго од предвиденото:
Shut down the whole damn league. pic.twitter.com/A15roBVnnw
— Laker Central (@LakerCentral365) March 17, 2024
Леброн Џејмс одигра права симултанка со 40 поени, девет асистенции и осум скока но Лејкерс на крајот загубија. Дианџело Расел додаде 23 поени со 13 асистенции а Хачимура 13, Остин Ривс 11.
Кај победникот, Стеф Кари уфрли 31 поен со шест скока и пет асистенции, Клеј Томпсон 26 поени а се подобриот Куминга 23 поени.