Draymond Green was ejected after 2 technical-fouls in less than 4 minutes of the 1Q 😬
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 28, 2024
pic.twitter.com/cvdV6qlSnK
Грин е човек со најмногу платени парични казни во историјата на НБА, а само сезонава го казнија да не игра 16 меча. Еднаш го давеше буквално за врат високиот Руди Гобер, па без топка со сета сила го удри Јусуф Нуркиќ па го пратија на задолжителен разговор со стручно лице.
После правеше екцеси на секој нареден меч, а пред два дена силно го собори и Пати Милс кога овој сакаше да се отвори во еден напад.
Очигледно е дека 4-кратниот НБА шампион не може да реагира мирно во тензични ситуации на теренот и дека рехабилитацијата, разговорот со стручни лица и работата на самоконтрола не му помогнале баш баш.
Голден Стејт Вориорс на крајот славеше без него и без отсутниот прв центар Куминга, а најмногу благодарение на Стеф Кари кој уфрли 17 поени со 10 асистенции и четири скока и Ендрју Вигинс кој беше прв стрелец кај „воините“ со 23 поени и 6 скока.
„Жал ми е што е исклучен. Заслужи, ќе ни возврати“, рекол тренерот Стив Кер после мечот а Стеф Кари додал:
„Сè што можам да кажам е дека ни е потребен. Тој го знае тоа. Се што е потребно да направи да биде на терен и секогаш да биде достапен, тоа ќе се случи“, рекол Кари.
Draymond Green was ejected after 2 technical-fouls in less than 4 minutes of the 1Q 😬
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 28, 2024
pic.twitter.com/cvdV6qlSnK