Ауди Крукс е средношколка, има 17 години и висока е 190 сантиметри. Ученичка е во средното училиште Бишоп Гариган во Ајова. Тежината на девојчето сè уште не се открива, но нејзината огромна физичка супериорност над другите девојки е несомнена.
Во понеделникот младата кошаркарка наполнила 17 години а следниот ден забележела трета победа со женскиот кошаркарски тим Голден Беарс во конференцијата Top of Iowa.
На стартот на оваа сезона, Ауди Крукс во просек постигнува по 20,2 поени (68% реализација), 12,2 скока и 3 блокади. Девојчето често оди и зад линијата од каде шутира за три: на 6 меча имала 2/4 што е сосема добро за центар со таква конституција.
@AudiCrooks @PGHIowa Tip Off Classic Highlights @CYSelectWolves @garriganbb pic.twitter.com/eKfVutQxWi
— 402 Visuals (@402visuals) December 9, 2021
Ауди веќе втора сезона игра за тимот на средното школо Бишоп Кариган, но веќе некое време сериозни и големи колеџи и универзитети ја сметаат за најинтересен пик за 2023 година. Таа веќе добила понуди од извонредни кошаркарски колеџ средини од NCAA лигата како универзитетите Мичиген, Ајова, Мисисипи, Канзас и Висконсин.
Ми се допаѓа како се одвива процесот рекрутинг. Необично е што колеџи чии натпревари сум ги гледала на телевизија сега сакаат да ме ангажираат мене. Но се оди одбри, а јас уживам во среќавање разни култури на разни универзитети и зборувам со тренерите“, вели Ауди на прашањето како се чувствува на толкав голем интерес.
Today I had a great unofficial visit with @MSU_WBasketball My family and I had an amazing time, thank you for the hospitality💚🤍 @SuzyMerchant @kristinhaynie @CoachFantan @Coach_Lockwood pic.twitter.com/rbR0SY7wBH
— Audi Crooks (@AudiCrooks) October 30, 2021
2023 Audi Crooks had a dominant performance last night in the Bishop Garrigan win! @AudiCrooks @garriganbb
— Courtside Films (@CourtsideFilms) December 3, 2021
FULL 🎥: https://t.co/BQx9tYcNJZ pic.twitter.com/o6BXlQo4j7
Интересно, и родителите на Крукс исто се занимавале со кошарка на нејзини години и секогаш ја поддржувале ќерката. Посебно мајка и Мишел која исто играла за Бишоп Гариган средното училиште. За жал, минатото лето починал татко и, но тоа за неа е дополнителна мотивација во идннина да го обезбеди семејството и да игра во негова чест.
„Освен тренинзите со екипите, имам и самостојни тренинзи четири-пет пати неделно. Останувам во сала после тренинг или одам во салата на Христијанската асоцијација. Понекогаш само си земам топка и тренирам позади во дворот“, вели центарот.
Крукс има титула во средношколскиот шампионат, а минатата година станала најефикасен играч во конференцијата меѓу возрасно поголеми кошаркарки.
Навистина на девојките ривалки им е скоро невозможно да ја поместат од место така моќната Ауди без да направат фаул. Дури и за професионални спортисти ова би изгледало како сериозен предизвик. Дали Ауди Крукс ќе успее да го помине патот на легендарниот Шекил О’Нил во сениорската професионална женска ВНБА лига е прашање. За да го дознаеме одговорот на ова прашање ќе треба да поминат уште пар години.