Спектакл во најава на Ол стар, Дончиќ и Јокиќ во прва петорка со Леброн и Кари

Епа не можеше да биде појако, а и не паметиме кога последен пат имало двајца балканци во прва петорка на НБА Ол стар мечот. Балканот нема да спие.

Кошаркарскиот викенд кој со душа го чека цела Америка, Европа и пошироко се ближи, а оваа година е закажан за 5-7 март.

Гласање заврши, а тоа покажа дека луѓето кои имаат вкус за кошарка знаат за кого треба да се гласа. На навивачите тоа им право им припадна со 50%, а на медиумите и тренерите по 25.

Изборот е врвен, особено кога ќе го видите западот поради кој цел Балкан нема да спие затоа што во прва петорка ќе истрчаат Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Леброн Џејмс, Стеф Кари и Каваи Ленард, меѓу кои Леброн доби најмногу гласови и ќе биде капитен.

За источниот Ол Стар тим ќе настапат: Кевин Дурант, Јанис Антетокумпо, Џоел Ембид, Бредли Бил и Кајри Ирвинг. Капитен Дурант.

На западот во прва петорка ја нема ѕвездата на Лејкерски, Ентони Дејвис, а на истокот Џејмс Харден.

На 23 февруари ќе бидат познати и играчите од клупата за резерви.

19 февруари 2021 - 11:14