Воините вечерва ќе ја пречекаат Атланта Хокс во натпревар полн со емоции во својот дом „Чејс Центар“ каде се очекува околу 19.000 гледачи. Од клубот веќе соопштија дека спремаат меморијален настан за нивниот Дејан Милојевиќ.
Кошаркарите до крајот од сезоната ќе играат со дресови на кои ќе има исцртано срце со иницијалите ДМ а истото ќе биде отсликано и на паркетот во „Чејс Центар“.
The Warriors will wear a ‘DM’ patch on their uniforms for the remainder of the season in honor of assistant coach Dejan Milojević. Additionally, the ‘DM’ logo will appear on the Chase Center court apron for all remaining home games this season. pic.twitter.com/tY89OK1PmH
— Warriors PR (@WarriorsPR) January 24, 2024
По Стив Кер кој имаше многу емотивна прес-конференција, за нивниот Деки зборуваа и лидерот на тимот и еден од најдобрите шутери на сите времиња во НБА Стефон Кари и центарот Драјмонд Грин кој ќе се врати после долга суспензија.
„Видов што приредија во Србија на мечот кој е игран таму меѓу неговите два поранешни клуба. Само кога го гледате тоа... А можам да замислам какво е чувството да сте биле таму и да сте ја почуствувале таа енергија. Мислам дека е добар пример за нас и како би требало да му оддадеме почест“, рекол Стефон Кари и додал:
„Навистина нема што многу да се каже... Тоа е... Сите разбираме што се случува и сите се обидуваат да го сфатат тоа ако можат и колку можат. Се обидуваме ментално да се доведеме до точка од која ќе може да излеземе и да играме баскет“.
Повеќекратниот МВП на НБА за српскиот „насмеан џин“ вели и:
„Тоа што го доживеав во нашите разговори и секој пат кога разговарате со него, тоа е присуство кое е толку силно што не мора ни да се изговараат зборови. Тоа е насмевка, тоа е прегратка, тој е една светла личност, толку позитивна фигура. Кога е во прашање тренингот, да имаш таква личност, таква енергија и да бидеш во состојба да се поврзеш со сите играчи, да бидеш искрен... Тоа е уметност на сјаен тренер.
Секогаш беше директен, но на свој начин, благ, страствен. Беше забавен, ја разбираше кошарката. Тоа е тоа што го сака... Ете кој беше Милојевиќ“.
ГРИН ГО ПАМЕТИ ПО НАСМЕВКАТА И СУПЕР ИНТЕЛЕКТОТ
„Клеј ми кажаа една интересна работа: ’Си влегол ли некогаш во Арена и да прашаш, што е со Деки денес?’ Сите имаме по некој свој чуден ден. Клеј веројатно некогаш дошол и рекол: ’На Дреј денес му е нешто’. Понекогаш доаѓаме сите и се прашуваме: ’Што е со тренерот денес?’ А јас не знам која лоша особина имаше Деки. Секогаш беше паметен. Баш паметен. Радосен, секогаш носеше одлична енергија. Не гледаше од страна, но го чуствуваш неговото присуство. Секогаш приоѓа, се ракува со тебе, те гушка, се смее. Те прашува: „Што има брате“?, раскажа Грин за српскиот тренер.
Draymond remembers Dejan Milojević 🙏 @TheVolumeSports pic.twitter.com/6DlurdcKeV
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 23, 2024
Forever our brother. Forever our brate.
— Golden State Warriors (@warriors) January 19, 2024
Dejan Milojević 💛 pic.twitter.com/F48zGsTEKc
******************************************************************
Стив Кер за испраќањето на Милојевиќ од навивачите на Партизан
Емоции до небо во Белград, Партизан и Мега се простија од Дејан Милојевиќ