Овој Вардар изгледа досадно колку е добар. Овој Вардар изгледа гладен како ништо да не освоил. Овој Вардар не се грижи, ни кој го гледа, ниту зошто го гледа и е фокусиран на совршенство. Овој Вардар ја живее таа лекција дека во спортот не постои вчера...
Европските вицешампионки ја забележаа и втората победа во новиот циклус на Лигата на шампионите откако попладнево со 29-21 (19-11) го совладаа Турингер на гости.
Европскиот шампион продолжува да ги пишува најубавите страници од својата историја - вечерва во Скопје со 27-24 (16-12) ја победи славната Барселона во 5. коло од групната фаза на ЛШ и сега е сам на врвот.
Македонскиот репрезентативен фудбал конечно носи надеж за подобро утре. Одличните партии во групата се крунисани со убедлив триумф против аутсајдерот Лихтенштајн.
На овој човек каква и да му се залепи монтажа не изглегува од мода. Некој се сетил тоа да го направи со историскиот меч на Вардар кој го легна на колена Фенербахче среде Турција. Смеењето му е најзаразно на свет.
По трите победи во воведните три кола, Европскиот првак не успеа да го одржи максималниот бодовен учинок во Лигата на шампионите. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа натпревар под своето ниво, но успеаа да останат непоразени. Дибиров имаше меч топка за победа.
Во претпоследното коло од квалификациите за Светско првенство 2018, македонската фудбалска репрезентација забележа историски резултат откако ремизираше со Италија на гости 1-1 (1-0).
Ракометарките на ЖРК Вардар со триумф ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионките. Блесок на новото засилување Драгана Цвијиќ која летово дојде од Будуќност како шести најскап трансфер.
Вардар викендов беше пуштен на најјако. Фудбалскиот клуб славеше против Слога, ракометниот против Загреб, а пионерскиот оствари чуден рекорд за еден ракометен натпревар.
„Комити“ сериозно се вратија на сцена по бојкотот пред неколку години а доказ за тоа е и добрата организација за европските мечеви. Имаа добра „шеталица“, неколку запалени строба и фантастично навивање без големи падови.
Кам бекот на градското дерби меѓу Вардар и Шкупи кое заврши 1:0, го врати на сцена и големото ривалство на двете навивачки групи меѓу кои избија инциденти. Се зборува за околу 20 приведени навивачи на Вардар.
Ако Аталанта игра во Лига Европа одиме на гостување со точаци. Ветено - сторено и тоа ден порано од предвиденото. Не е мал залак. Тоа е како да одите со точак од Скопје до Лефкада.
И покрај тоа што Вардар загуби убедливо и на вториот меч во Лига Европа, нивниот дебитантски гол во ова натпреварување ќе се памети долго. Хуан Фелипе на работ на шеснаесетникот реагираше како Тоти и Пирло. Убавина за око која МРТВ може слободно да ја смести на најавните шпици.
Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа загубија од Зенит со идентичен резултат како Вардар од Розенборг во групата Л од Лига Европа, а за вториот гол Аргентинецот Херонимо Рули исплива како мало дете.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Старата амбалажа на кока кола, вино-розе, костум, кошулче, кравата, густи коси. Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев и техничкиот Илија Најдоски на некоја поодамнешна прослава со веројатно омилената песна на Кобра кој е во транс. Легенди.
Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.
Ќе бидете добри да ни помогнете кај нас колку клубови се викаат Вардар освен оној од Брвеница, оној од Неготино и шампионот на земјата од Скопје. Ние за тоа време најдовме каква е ситуацијата во Романија.
Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.
И покрај големиот број на реакции во медиумите и социјалните мрежи и слабата посетеност со Зенит, управата на ФК Вардар не попушта со цените за натпреварот против Реал Сосиедад во Лига Европа.
Норвешка, Русија и Шпанија беа најдалечните можни дестинации кои можеа да им се паднат на фудбалерите на Вардар во дебитанската сезона од Лига Европа. А што да кажат нивните навивачи? Кај ќе се тушираат и ќе мијат заби од денес до четврток и потоа пак назад?
Иако до вториот меч на Вардар во Лига Европа на Филип Втори има скоро уште месец дена, навивачите почнаа да испраќаат апели до управата на клубот да подразмисли за цените со Реал Сосиедад. Најслабо публика со Зенит имаше на најскапите блокови.
Во пресрет на дербито меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на гостите од 0:1, битолчани дадоа објаснување за тоа кога, како и зошто почнале да се мразат со скопјани.