Не само за историја, треба и за екологија да ни напишат нешто во учебниците. Стандарди, респонсивност на институции, инклузивност на социјални групи... Имаме многу за учење.
Македонија е потресена од тоа што му се случи на ултра популарниот пејач! За оваа трагедија во новата епизода на „Фчерашни новости“ зборуваат многу познати личности!
Компанијата е со најдобра клиентска услуга за 2018-та година помеѓу 5-те најпопуларни компании за брзи кредити во Македонија, според интернационалниот лидер за пазарни истражувања, агенцијата IPSOS
Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.
Глупаво е да правиме споредби со една Англија или Шпанија, па ајде прво да го фатиме балканот. Само во Црна Гора од фудбал се заработува полошо отколку во Македонија, а во Хрватска девет пати повеќе за разлика од кај нас.
Словачка стана 8-та земја од ЕУ која најави дека нема да го потпишува тн Глобален компакт за миграција, една рогобатен документ изработен под капата на ОН чии противници сметаат дека е опасен вовед во цензура: говор против миграцијата може да се квалификува како кривично дело а медиуми да бидат затворани на таа основа. Еден естонски актер навежбан на Шекспир го читаше целиот документ и тоа траеше повеќе од два часа.
Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Еден детал кој тренерот на Ливерпул го носеше синоќа за време на мечот Црвена звезда - Ливерпул ги заинтригира како домашните, така и странските новинари. За каков симбол станува збор?
Европа денес за последен или претпоследен пат ги поместува часовниците бидејќи сѐ поголем е притисокот да се укине глупиот ритуал на менување на времето два пати годишно со кој ни енергија заштедивме ни бутур. Проблем е што секоја од 28-те членки на Унијата, проблемот го гледа со различно светло.
Од толку места на белиов свет, двајца неодговорни навивачи на бугарски Локо Софија решиле да го испишат името на клубот на еден од највредните меморијали во Јапонија, и светот воопшто. Избркани се од работа и ги чека судење.
Во денови кога некои читатели ни ја расипуваат забавата со македонска репрезентација, која инаку се забавува со противниците за кои таа не е крива што со нив ја сместиле во група, решивме малку да се пошегуваме со насловот.
По подолго време фудбалската репрезентација на Бугарија сериозно конкурира за пласман на едно големо натпреварување. Но сметките им ги замрсува Норвешка против која играат вечерва на гости.
Времето на Роналдо и Меси полека изминува или за некое време ќе измине, ама затоа доаѓа моментумот на некои нови клинци. Меѓу главните сигурно ќе биде Килиан Мбапе кој изминативе две години постојано руши рекорди.
Бугарската влада на реновирање тврдини троши 90 милиони евра од Европските фондови за регионален развој. Продолжетокот на веста не е туристички пи-ар текст за тура низ бугарските тврдини.
Суетата денес не е оправдана причина за лов на вештерки само затоа што сме 21-ви век. Иначе, дечки, којзнае колку од тие што ве нејќат „затоа што така”, со задоволство би ве пријавиле кај локалниот кмет.
Почнале да нè пишуваат споено и преглупо. Северномакедонски.... И сега ние треба да му пишуваме писма, меилови и фермани на цел свет, па да им објаснуваме, не така, не вака, не споено, она второто со голема буква....
Како „нов здравствен геноцид“ се оценуваат последните официјални предлози за реформирање на здравствената политика во Бугарија. Еден од нив е своевиден здравствен таксиметар: државата да покрива - и тоа не во целост - здравствени трошоци до максимум 700 лева (357 евра). Сè што е над таа цифра фондот не го занима.
Бугарскиот вице-премиер смета дека не е фер младите масовно да одат на Запад по работа а да ги оставаат своите родители на грбот на Бугарија и на оние кои останале да живеат и работат во неа.
Идејата да им се даде шанса на послабо рангираните селекции рамноправно да се борат за пласман на Европско првенство, најдобро ја користи Луксембург кој полека тргнува по патот по кој одеше Исланд.
Дебиси некогаш изјавил дека музиката е „тишина помеѓу нотите“. Но Роман Тиери се обидува таа тишина да не стане заглушувачка. Веќе десет години е во потрага по заборавени клавири покриени со прашина, кои ги минуваат своите последни денови во осама.
Влегувањето во НАТО и ЕУ ќе значи создавање услови младите и образувани луѓе да останат во земјава, гласи една од мантрите на актуелната политичката религија која од нас бара курбан да го приложиме името и најбазичното достоинство а потоа птиците ќе пеат повесело а тревата ќе биде позелена. Ај важи.
Тренерот на Кариана Едрен, клуб од втората бугарска лига, Атанас Џамбазки збесна на последниот меч на неговата екипа која изгуби 2-1 од Струмска Слава и му се пушти на судијата Ивајло Ненков кој не им досудил пенал. Притоа дебелиот крај го изеде и фудбалерот Ѓорѓи Великов кој проба да го одбрани судијата.
На почетокот од август Данска стана петата членка на ЕУ која воведува забрана за криење и прекривање на лице во јавност, односно носење нихаб (разликата меѓу нихаб и бурка е што кај првото се гледаат очите, а кај второто тие се покриени со мрежа).