Сајтот Sportingintelligence го објави годишното глобално истражување кое го опфаќа износот на годишните плати на 349 клубови во 18 лиги во 8 спортови.
Вкупниот збир на платите е фрапантен и тој изнесува 22,2 милијарди долари.
Тргнуваме од македонскиот фудбал каде сликата е таква и како што се очекуваше. Еден македонскиот фудбалер во просек заработува 10.356 евра годишно, 863 евра месечно, 215 евра неделно или 28 евра на ден.
Тоа е 54-та позиција од вкупно 68 земји.
Сумата е далеку помала од другите фудбалски првенства од регионот, а да не одиме подалеку. И тоа овие 863 евра (нешто повеќе од две просечни македонски плати), излегуваат толку само поради финансиската можност на Вардар и Шкендија кои го качуваат просекот, инаку и тие да беа на ниво на другите клубови, тогаш овие бројки ќе беа многу полоши.
Споредено со другите земји од балканот, најмногу се заработува во Грција каде еден фудбалер во просек игра за 146.520 евра годишно, потоа Хрватска со 90.380, па следуваат Бугарија (46.058), Србија (36.249), Словенија (28.786), Албанија (11.332), па БиХ (10.662) и под нас од регионот е само Црна Гора со 6.762 евра просечна годишна плата.
На врвот се најсилните 5 европски лиги, а прва е Англија каде годишната просечна плата изнесува 3,3 милиои евра.
На клупски план број 1 е Барселона каде еден играч лапа по 13,7 милиони долари или 12 милиони евра. Просекот најмногу го крева Лионел Меси кој игра за астрономски 46 милиони евра годишно.
Потоа следуваат Реал Мадрид, па шест НБА екипи.