Во период од годината кога се одбележува годишнина од завршувањето на Првата светска војна, многу земји учеснички во тој воен конфликт на разни начини оддаваат почит кон загинатите војници и цивили.
Менаџерот на Ливерпул ја покажа својата човечка величина откако синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ на својата јакна носеше закачен симбол кој го означува цветот Рамондата на Наталија (Ramonda nathalie) чија симболика има неколку значења во српскиот народ.
Овој цвет е познат и како феникс затоа што е еден од ретките цветови кои и кога потполно ќе пресуши, ако малку се полие може да оживее.
Цветот го добил името по српската кралица Наталија Обреновиќ и опстанува на овие простори илјадници години.
Во Србија цветот Рамондата на Наталија се користи во знак на сеќавање на големото страдање на војската во Првата светска војна и се носи на почетокот на ноември како и на 11 ноември кога се одбележува Денот на примирјето.
Во време на Првата светска војна Србија била на страната на сојузот Антанта - воено политички блок на Русија, Велика Британија и Франција кој војувал против сојузот на Германија, Австро-Унгарија и Бугарија.
На крајот од 1915 година Србија била окупирана а за време на војната се верува дека животот го загубиле околу 60% од машкото население (загинати и исчезнати околу 1 милион и 246 илјади војници и цивили). Примирјето официјално стапило на сила на 11 ноември 1918 година во 11 часот.