Норвешкиот селектор: „На Бугарите им е во ДНК да лажат“

По подолго време фудбалската репрезентација на Бугарија сериозно конкурира за пласман на едно големо натпреварување. Но сметките им ги замрсува Норвешка против која играат вечерва на гости.

На табелата во Група 3 од Ц Лигата во Лига на нации Бугарија е прва со максимален учинок - 3 победи на 3 средби и 9 освоени бода. Зад нив, втора е Норвешка со 6 освоени бодови и пораз само од Бугарија во Софија (1:0)

На синоќешната прес-конференција пред вечерашниот меѓусебен дуел во Осло, на стадионот „Улевал“ селекторот на Норвешка, легендарниот Швеѓанец Ларс Лагербек кажал дека бил фрустриран од тоа колку Бугарите краделе време на нивниот прв меч.

Норвешкиот селектор Ларс Лагербек кој ја носеше Шведска на Светски и Европски првенства

„Сакам 2х30 минути ефективно време за игра. Тоа нешто треба да се разгледа особено кога имате натпревари како овој (во Софија). Имаме млад тим кој треба да учи од сево ова. Но дали сакате да ги учите играчите намерно да задржуваат време? Не. И мислам дека топката две минути активно не беше на терен во ниту еден момент. Секоја ситуација одземаше толку многу време.

Лагербек потоа додал:

„Во ДНК-та им е тоа (на Бугарите). Одлични се во тоа. Што и да мислите, мора да им честитате дека ги бива за тоа. Ако треба да одговорам, мислам дека ќе го прават истото и на Улевал.“

Истата вечер за каналот TV2 бугарскиот селектор Петар Хубчев го нападнал Лагербек:

„Комплетно идиотски. Ако зборуваме за задржување време, Норвешка не беше ништо поарна. Сите нивни аути ги изведуваше играч од среден ред кој мораше прво да ја брише топката. Ако го пресметате времето кое тие го задржуваа ќе видите дека Норвешка беше полоша од нас“, рекол Хубчев кој со евентуална победа вечерва би можел да ја однесе Бугарија пред вратата од плејофот за пласман на Европско.

 

Петар Хубчев