Дојде и тоа време Луксембург да сонува пласман на Европско

Идејата да им се даде шанса на послабо рангираните селекции рамноправно да се борат за пласман на Европско првенство, најдобро ја користи Луксембург кој полека тргнува по патот по кој одеше Исланд.

Кога Кристофер Мартинс лежерно го постигна четвртиот гол за Луксембург после одлична акција која што самиот ја започна 70 метри подалеку од противничкиот гол, неговиот селектор почнал да му вика колку го држи глас.

Својата реакција ја објаснил после мечот: „Понекогаш Мартинс е премногу опуштен“, рекол селекторот Лук Холц за голот на 21-годишниот фудбалер од средниот ред. А како да не биде опуштен кога го даде четвртиот гол со кој Луксембург ја прегази Молдавија.

Освен чувство на слобода, Мартинс и неговите соиграчи сега можат да сонуваат. Лигата на нации на УЕФА ги зголеми шансите на послабо рангираните репрезентации да се пласираат на Европско.

Интересно, на прес-конференцијата после мечот молдавскиот селектор Александар Спиридон го слушал само еден новинар од Луксембург и ниту еден од Молдавија.

***

Луксембург, 85-та репрезентација на светот ја деклаираше 175-то рангираната Молдавија и сфати дека Европското 2020 не им е многу далеку.

Поради тоа Пол Филип, претседателот на фудбалската федерација на Луксембург рогал топки на трибините и славел. Тој на времето забележал 54 настапи за Луксембург и бил селектор на оваа репрезентација цели 15 години.

Во негово време ниту играчите имале желба да играат за репрезентација затоа што знаеле што ги чека против кој било противник.

„Знаевме дека ова може да биде најважен натпревар. Тежок меч но сега може да сметаме на шест бода од шест можни. Потоа се може да се случи“, рекол Филип пред вечерашниот меч против Сан Марино.

Целата земја сега со големо внимание ја следи репрезентацијата која за цели 22 години имаше само шест победи.

Но оној кој добро ги следи актуелностите знае дека ова не е случајно. Пред една година Луксембург одигра сензационални 0-0 против Франција во квалификациите за Светско првенство. Од 2017 па наваму ги победија Белорусија, Унгарија, Албанија, Грузија и Малта. Одиграа нерешено со Бугарија и Сенегал.

Како ремито со Франција во Тулуз да им покажало дека сè што се сака се може.

****

Пред 17 години Луксембург отворил национална фудбалска школа во Мондерканж каде тренирале талентирани деца од 13 до 19 години. Луксембург е мала земја со 600.000 жители и секој еден талент им е преку потребен.

„Треба да го смениме менталитетот. Тешко е да убедиш фудбалер од Луксембург да се пресели во странство на 22 или 23 години кога овде има добра работа и плус заработува од фудбалот. Младите играчи треба да заминат на 16-17 години и целта да им биде да станат професионалци. Ова е план на долги патеки“, вели првиот човек на луксембуршкиот фудбал.

13 играчи од репрезентацијата на селекторот Холц за мечот против Молдавија во одреден момент биле во фудбалската академија: 9 од сениорските репрезентативци уште имаат право да играат за У-21 селекцијата. Седум репрезентативци играат во странски лиги и очигледно е дека методот на академијата успева.

Мечот со Молдавија го решија 20-годишниот лев бек на Грасхоперс, Дирк Карлсен, фудбалерот од средниот ред на руска УФА, младиот Оливие Тил, 21-годишниот везен играч Даниел Синани кој беше најзаслужен за историскиот пласман на анонимниот Ф91 Дуделанж во Лига Европа и Мартинс кој игра за француска Троја како позајмен фудбалер од Лион.

Мечот со Молдавија беше прв уште од 1972 година на кој Луксембург победил со повеќе од еден гол. Следен голем, најголем предизвик во групата 2 од Лига Д ќе им биде Белорусија. Во случај да направат ново чудо пласманот во плејофот за Евро 2020 ќе изгледа реален.

„Првпат во историјата на модерниот фудбал Луксембург има збир на играчи кои не изгледаат изгубени на ова ниво. Би било многу интересно селекција како нашата да се квалификува на големо натпреварување“, вели стоперот Максим Шано.

11 септември 2018 - 15:18