Луксембург ќе се откажува од Лига на нации, многу им дошле победиве

Во денови кога некои читатели ни ја расипуваат забавата со македонска репрезентација, која инаку се забавува со противниците за кои таа не е крива што со нив ја сместиле во група, решивме малку да се пошегуваме со насловот.

Паралелно со победничката низа и налетот на Македонија кон плејофот за ЕП 2020, уште една мала фудбалска нација од Лигата Д е во транс. Се работи за Луксембург, земјата со 600.000 жители која ги живее најубавите фудбалски моменти во својата историја.
 
Луксембург синоќа го совлада Сан Марино и изби на првата позиција во втората група. Сега има 9 бода исто колку Грузија во првата и Македонија во четвртата група и се наметнува за лидерската позиција за која ќе се бори и Белорусија.
 
Додека ние може да се пофалиме со серија од 10 меча без пораз, Луксембург бележи резултати за кои не ни сонувале. На последните 15 средби имаат скор од 8 победи, 3 нерешени и 4 порази.
 
 
Тоа е фантастична низа и невиден прогрес за нив, ако се знае дека претходно на 15 меча имале дури 13 порази. Од 2017-та година ги победија Белорусија, Унгарија, Албанија, Грузија и Малта, а ремизираа со Бугарија и Сенегал. Сите овие селекции се над нив на рангот на ФИФА.
 
Она што мора да се издвои е и сензационалниот нерешен резултат против Франција и тоа на мундијалските квалификации, токму против селекцијата која потоа стана Светски првак. Затоа полека со тоа аматери, пацери или село без кучиња.
 
Оваа репрезентација вреди 40 пати помалку од Мбапе и има освоено 24 бода од можни 396 во квалификации за СП за 87 години, ама тоа не значи дека треба да се откаже од фудбал.
 
Да потсетиме дека со Луксембург и ние имаме тазе непријатени спомени. Во квалификациите за ЕП 2016 не совладаа 1:0, а на реваншот дома едвај ги победивме со гол во 92-ра минута за конечни 3:2.
 
Ова се резултатите на нивните 15 последни средби.
 
16 октомври 2018 - 14:46