Роберт Ф. Кенеди Јуниор (син на сенаторот РФД кого го уби Сирхан Сирхан), иако има проблеми со гласните жици, нема проблеми со логиката, аналитиката и здравиот разум. Добро упатен во игрите на моќните во политиката но и надвор од неа (како адвокат важи за ноќна мора на големата фармација), многу јасно ја сумира целата приказна за американската загриженост за Украина.
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА и ѕвезда која што ја водеше репрезентацијата на САД до олимписко злато летово во Париз се јавил на конвенцијата на Демократската партија на САД во Чикаго, Илиниос. Тој како и неговиот тренер Стив Кер пред неколку дена, исто дал поддршка на кандидатката Камала Харис пред претседателските избори во САД во ноември.
Откако објави дека се кандидира за претседател на САД, кампањата на Камала Харис успеала да собере 500 милиони долари во донации, сума што е без преседан во досегашната историја на САД.
Еден од најголемите кошаркарски стручњаци на сите времиња, трофејниот Стив Кер кој летово освои и олимписко злато како селектор на САД, на политичка конвенција на Демократската партија во САД, во пресрет на претседателските избори во оваа земја, рекол:
Откако Џо Бајден се откажа од претседателската трка на 21 јули, Камала Харис потрошила 57 милиони долари само на реклами на Гугл и Мета, споредено со околу 5,6 милиони потрошени од Трамп.
ЕУ го обвини сопствениот министер за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, дека на своја рака го објавил писмото во кое на Илон Маск му се заканува со казна доколку содржината објавена на Твитер не е во согласност со правилата на ЕУ.
Во епизода објавена минатата недела Роган низ муабет споменува дека не му верува на ниту еден кандидат, освен на Роберт Кенеди помладиот. На Трамп не му беше по мерак да го чуе ова.
Социјалните медиуми многу помогнаа во зголемување на видливоста на научните истражувања и резултати но тоа доаѓа со цена која ја плаќа кредибилитетот на авторите. Тие што често се бават или коментираат политички теми (а се бават и коментираат почесто од останатите), на публиката им се чинат како помалку веродостојни научници.
Изборот на партнер на Камала за ноември прво го поздрави Доналд Трамп со пораката „Фала ти“ објавена на Трут соушл, а зад сцената неговите сојузници се воодушевени што нивен противкандидат е гувернер со долгогодишно неспорна либерална наклонетост и досие на гласање.
Џорџ Клуни беше една од најупадливите личности кои беа дел од притисокот врз Бајден да се повлече од претседателската трка, и тоа само неколку седмици откако на истиот тој Бајден му ја организираше една од најважните вечери за собирање пари за кампањата на која беа донирани рекордни 28 милиони долари.
Запад и Русија ја изведоа најголемата размена на затвореници по завршувањето на Студената војна. Иако Путин во минатото често инсистираше на паритетна размена, глава за глава, овојпат даде шеснаесет луѓе за да добие осум. До ваквата размена немаше да дојде ако во пакетот не беше вклучен Вадим Красиков.
Познатиот БиХ глумец Бранко Ѓуриќ Ѓуро, за отворањето на париската Олимпијада прво напиша дека помислил дека гледа Евровизија па праша: „Што ли сега ни порачуваат со вакво отворање на Олимпијадата?“ Додека си рекол „Шахбаз“ настана лавина реакции па Ѓуро реши да се дообјасни.
Брисел веќе прави стратегија како ќе одговори ако се остварат најавите на Трамп за заштита на американската економија со давачки на увозните проиводи од ЕУ. Не им е сефте. Во првиот мандат Трамп удри по европскиот челик а овие вратија онаму каде што најмногу ги боли неговите гласачи: бурбон, Харли Девидсон и говедско.
Оние што веруваат дека атентатот на Трамп не е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, убедени се дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Особено што стигна и писмо од свиркач, контра-снајперист, кој го тврди истото и вели дека ќе алармира додека не бидaт сменети сите негови претпоставени.
Видео склопено со вештачка интелигенција кое беше очигледна пародија на Камала Харис толку го разбесни калифорнискиот гувернер Гавин Њусам што веднаш најави закони со кои ќе се осигура дека не може тоа така. Првиот човек на некогаш најдобрата американска држава очигледно не верува дека неговите граѓани можат да разликуваат реалност од очигледна фикција без помош на цензура.
Тоа што на штабот на Трамп му требале цели два часа пред да објави изјава за повлекувањето на Бајден од трката, Аксиос го толкува како знак дека и тие не очекувале американскиот претседател, или барем не тогаш, да се откаже од номинацијата.
Кај требаше Русија да изврши инвазија на Украина и години и години закани дека Америка ќе се повлече од НАТО за членките на Алијансата да се приближат до ветените 2% БДП трошење на одбрана, сега тимот на Трамп размислува границата да ја крене на 3%.
Поранешниот американски претседател се уште ја нема поддржано Камала Харис, а тоа е затоа што тој не мисли дека таа ќе може да го победи Доналд Трамп, тврдат извори блиски на семејството на Бајден.