- Наташа Пирс Муцар приватно вози Ролс -Ројс и плаќа поголем данок од пратениците во словенечкиот парламент.
- На изборите на кои победи, настапи како независна кандидатка но ја подржаа сите леви и социјално заинтересирани партии.
- Има импозантна кариера: дипломира право во Љубљана, докторира во Виена, на Стенфорд студира уметност, медиуми и општествени науки.
- Беше уредник во државната словенечка телевизија, па во приватната ПОП ТВ а има работено за CNN, BBC, Sky News, Reuters и други.
- Нејзината адвокатска канцеларија ја застапуваше Меланија Трамп против медиумите кои ја повредија приватноста на првата дама на САД.
- Мажена е за милионерот Алеш Мусар, бизнисмен со малку матни односи со контроверзниот тајкун Дарко Хорват. Тоа беше користено против неа во кампањата па го замоли сопругот да се откаже од идејата да ѝ биде организатоер на кампањата.
- Сака да вози мотори и собира фигуринки од бувови.
- Претседателот Абдел Фатах Ел-Сиси го инаугурира новиот комплекс на Стратешката команда на Египет, познат како „Октагон“, кој по површина е речиси девет пати поголем од Пентагон во Вашингтон.
- Комплексот ќе служи не само како воен штаб, туку и како интегриран цивилно-воен центар за управување со кризи, борба против сајбер закани и војување од четврта и петта генерација.
- Вградени се напредни комуникациски мрежи и компјутерски систем со ВИ за анализа на големи бази на податоци и донесување одлуки.
- Објектот е дел од мегапроектот за изградба на Новиот административен главен град во пустина источно од Каиро, во кој постепено треба да бидат префрлани државни институции за да се растовари главниот град со 10 милиони жители.
- Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
- „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
- Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
- „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.