Во Србија, на пример, епидемиологот д-р Срѓа Поповиќ најави дека ако дневните бројки стигнат до 500 (еквивалент на 125 во Македонија), ќе преминат на рестриктивни мерки. Значи, стратегијата мора да има некакво копче за стоп. Кај нас такво нешто не гледаме. Нашите власти се однесуваат како очаен коцкар кој, гледајќи дека губи, наместо да каже „стоп“ и се повлече од игра, упорно продолжува да игра со сé поголеми влогови, надевајќи се дека на среќа ќе се извлече.
16 октомври 2020 - 09:23