Лу Рид, Џон Кејл, Морин Такер, Стерлинг Морисон и со нив ледената германска божица Нико: монументални распади кои одат, наркофилски ѕверови, декадентни трубадури, велеградски шљам, провинцијалци и фолиранти на кои случајно им паднало да бидат генијални, блазирани, одвнатре размонтирани протопсихопанк пролетери: и ете три четврт саат со најразулавената, највалканата, најопасната и најнежната музика која дотогаш е снимена на планетата.
20 април 2017 - 13:45