Вести › Набрзинка
Судот го одобри обвинението за кражбите во ЕСМ
- 31 физичко лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ. Се товарат за незаконска набавка на адитиви вредна над 6,5 милиони евра од мала фирма сопственост на братучетка на еден од поранешните директори на ЕСМ.
- Меѓу обвинетите е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство, а се бара и со меѓународна потерница како и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов кој во текот на истрагата беше приведен на граничниот премин Табановце.
- Неодамна обвинителството ја прошири истрагата на уште три физички лица меѓу кои е и претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска која се сомничи дека му издавала службени тајни на поранешен директор на ТЕЦ Неготино кој исто така е обвинет во овој случај.
- Несовесно работење, злосторничко здружување, злоупотреби при работењето и на постапка за јавен повик, перење пари се дел од кривичните дела за кои ќе се гонат во следниот период, а ќе се бара и конфискација на имот.
Милановиќ: Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди за ЕУ
-
Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој беше во посета на земјата.
-
Тој рече дека има премногу насоки од соседите и меѓународните актери за тоа како Македонија да се движи на европскиот пат, но најголемиот дел треба да се земаат со резерва.
-
„Правилата се јасни. Треба консензус, односно треба едногласност. Како и да свртите ќе дојде на исто. Се додека е некој против, Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено прашање е дали е тоа навистина за вас, односно за вашите граѓани најважната работа на овој свет и единствено вредно за живот и напор или постојат други работи за државата кои ја дефинираат како успешна и реализирана заедница“, изјави Милановиќ.
-
Хрвaтскиот претседател рече и дека Македонија не треба да се третира како земја со посебни потреби, туку како земја која има проблем.