Песната е новогодишна и празнична класика, и ја има по сите плејлисти околу снегови и празници.
Сега, некои луѓе се навредени од текстот и сметаат дека нема потреба да се пушта, затоа што „не ѝ е местото во исто време со #MeToo“.
Еден водител на радиото, Глен Андерсон на блогот напишал дека иако песната е напишана во друга ера, сепак, текстот е малку „манипулативен и погрешен.”
„Светот во кој денес живееме е многу чувствителен во моментов, а луѓето лесно се вреѓаат. Но, сега кога жените конечно го добиваат гласот што го заслужуваат, нема место за оваа песна.”
Чекајте само еден гиф, за изјавава:
Чекајте уште еден:
И уште еден:
Е, така.
И, значи, направиле и анкета со слушателите па извештајот „слушателите сметаат дека песната е неприкладна” го базираат на точно 6% од нив.
Песната е напишана од Френк Лосер во 1944-та, па човек би помислил дека нема шанси некој да се замара со нешто напишано пред 75 (седумдесет и пет) години, или барем, ќе ја доживува еднакво безопасно како сите оние песни на денешницата со курви, дрога, пари, и уште малце курви и уште малце дрога. Ја препеале Мајкл Бубле, Том Џонс, Зои Дешанел во „Елф” (женско!) и Лејди Гага (уште едно безумно женско што не сфаќа што пее!).
Текстот е разговор, каде што мажот се обидува да ја убеди неговата гостинка да не си оди дома по лошото време, туку да се напие уште нешто и да преноќи кај него.
Обично е дует и оди вака:
"I simply must go (But baby it's cold outside)
The answer is no (But baby it's cold outside)."
Најконтроверзниот стих е, „Еј, што има во пијачкава?”.
(се надеваме дека разбирате со каква баналност упорно имаме работа, ама ај, ќе дозбориме)
Комичарот Џен Киркман истакнува дека фразата имала поинакво значење во нејзиното време и дека песната е многу покомплексна отколку што ни се чини.
Други сметаат дека песната мора да се види низ призма на денешницата. Претседателката на Центарот за кризи со силување во Кливленд, Сондра Милер за Фокс Њуз ќе изјави: „Ги преминува границите на согласност.”
„Ликот во песната вели ‘не’, а песната сака да каже ‘ама тоа не, да не значи да?’. А мислам дека во 2018-та знаеме дека согласноста значи ‘да’, а ‘не’ значи ‘не’ и треба да се престане таму.”
Сè е ова точно за 2018-та, што не ги оправдува овие 6% популација да се бават со вакви ступидни примери, наместо да засукаат ракави и да сработат нешто опипливо.
Ај што се множат, него не им е ни прв пат. Ви текнува дека и Лу Рид го заќутеа?
А сега, ние не-снегулките да влеземе малку во холидеј муд.
Еве ја Baby It's Cold Outside, со текст:
Гледате како стручно се игнорира согласноста на крај?