ТРАНСМЕТ со 11 гола во мрежата на НЛБ Банка стигна до победа, а бодови во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата освоија и екипите на МЕПСО и Адмирал.
Селта сензационално водеше со 3:0 против Барселона после 33. минути игра. Ретко кој ја понижил Барса така за кратко време. Но Каталонците во еден момент се вратија на 3:2 и сите мислеа дека ќе следува пресврт. Таман кога нападнаа за израмнување, германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген направи неверојатна глупост и мечот тука заврши.
Меси има двајца постари браќа од кои едниот бил мајстор за готвење и шеф на кујна, а другиот како што обично бидува, „црна овца“ и најпроблематичен лик во целото семејство кој бил осудуван за нелегално поседување оружје. Има и помала сестра која му го води сајтот.
И покрај тоа што има имот толку колку што очекувате дека има со тие пари кои ги заработува, сепак на Златан Ибрахимовиќ не му е проблем да плаќа кирија од 20.000 евра откако игра за Јунајтед. Во Париз плаќаше 30.000.
До пред четири години не играл фудбал 11 на 11 и не знаел како изгледа тоа, сè додека скаутите на шпанскиот Еспањол не го откриле на еден турнир во Буркина Фасо. Со жена му се запознал во телефонска говорница во Абиџан, а сега бараат стан во Манчестер.
Како најава на супер интересната пресметка (сабота, 13:30) меѓу Јунајтед и Сити во новата сезона, во ново руво и со новите елитни тренери, одиме со головите на Бекам, Агуеро, Овен, Белами и ремек делото на Руни. Сето тоа во една поинаква верзија на видео.
Кога Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се појават на Олд Трафорд во 13:30 часот, ќе бидеме сведоци на најскапиот натпревар во историјата на фудбалот. Толку пари не вредело до сега ниту едно Ел Класико.
Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.
Во автобиографијата насловена „Јас, Златан Ибрахимовиќ“, Ибра открива за бројните тепачки со колегите низ годините. Пишува за скршеното ребро во тепачката со Огучи Онјеву во Милан, за тоа како одел кај курвите во Малме да прави циркус со муштериите.
Првенствата и куповите не се освојуваат во лето, но тогаш почнува битката на моќниците кои како да се такмичат кој може повеќе. Апетитите на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола за сега се задоволени со вкупни 375 милиони евра, пари кои ги потрошиле двете екипи од Манчестер.
Ахмед Муса е новиот адут на Раниери. Нигерискиот напаѓач кој има 23 години дојде од ЦСКА Москва за рекорден трансфер на Лестер од 16 милиони фунти и постигна два гола против Барселона. На првиот ја претрча цела половинa и ги понижи Серхи Роберто и Маскерано.
Скандалите со претседателот, трансферот на Нејмар со затајување данок, како и привлекувањето на малолетни играчи, ги натераа функционерите на Барса да зборуваат шепотејќи и да разглабаат за трансфер мети преку јазик со знаци
Еден од најдобрите португалски фудбалери кои станаа европски прваци, Андре Гомеш после ланскиот дебакл на Валенсија 7-0 од Барселона, решил да продолжи на тренинг истата вечер затоа што не можел да се погледне во огледало. Партиите против Реал и Барса му беа врвни.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Имаш 22 години, дебитираш за репрезентација на Европско и тоа во четвртфинале, а три дена претходно те купува Барселона. Да, има и такви приказни во фудбалот за кои треба к`смет, но и квалитети.
Трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед беше непотребно чуван во тајност и само се чекаше денот кога и официјално ќе се обелодени. Ибра ди собра трофеите во Италија, Шпанија и Франција и сега ќе му даде голема тежина на нападот на Јунајтед и ќе го направи последниот обид за да ја освои титулата која му фали во кариерата, а тоа е ЛШ.
Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.
Барселона која што во недела во Мадрид ќе игра во финалето на Копа дел Реј против Севиља, ја поздрави одлуката на судот во Мадрид да ја поништи владината одлука со која се забранува истакнување каталонски знамиња, но од Мадрид најавуваат нови мерки.
Екипата на Укина е шампион во Телеком Бизнис лигата на Македонија откако славеше над ЕВН со 6:3. Признанието за најдобар играч оди кај Љуљзим Каштањева.
Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.
По завршувањето на Ф8 фазата познати се двојките кои се пласираа на „Фајнал 4" турнирот во Телеком Бизнис Лигата на Македонија, преку кои ќе се одреди носителот на шампионската титула за сезоната 2015/2016.