УНИКА преку ЕВН го осигура златниот медал!

Екипата на Укина е шампион во Телеком Бизнис лигата на Македонија откако славеше над ЕВН со 6:3. Признанието за најдобар играч оди кај Љуљзим Каштањева.

МЕПСО со победа над ХАЛКБАНК до бронзен медал!

ХАЛКБАНК 4-5 (1-1) МЕПСО
ХАЛКБАНК: Дејан Петкоски 18’ Мартин Дамески 24’ Игор Стојановски 27’ Марјан Атанасовски 40’
МЕПСО: Диме Рошкоски 7’ 34’ Виктор Петровски 30’ Кристијан Михајловски               37’ Далибор Христов 39’

Во борбата за третото место во Телеком Бизнис Лигата на Мкедонија силите ги одмерија екипите на ХАЛКБАНК и МЕПСО. Во првото полувреме и двете екипи прикажаа рамноправна игра во затворен фудбал. И на двете страни екипите се обидуваа воглавно преку контра напад да дојдат до шанса за гол, тоа успеа и на двете страни по еднаш па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам но некаде на средината и двете екипи го отворија просторот во делот на нападот каде што се створи шанса за повеќе голови. Екипата на ХАЛКБАНК ја имаше иницијативата се до самиот финиш кога МЕПСО идентично како и во првото полувреме преку контра напади успеа да постигне два гола со кои дојде до победа од 5-4. 

УНИКА преку ЕВН го осигура златниот медал

ЕВН 3-6 (2-2) УНИКА
ЕВН: Дарко Цветковски 10’ Петре Даиловски 12’ Александар Димовски 39’
УНИКА: Шабан Чупи 5’ Арбен Нухиу 11’ 35’ Бењамин Траинца 25’ Арбен Бајрами 28’ Љуљзим Каштањева 37’

Во овогодинишното финале на Телеком Бизнис Лигата на Македонија силите ги одмерија екипите на ЕВН и УНИКА. Во првото полувреме екипата на УНИКА на самиот старт ја имаше целосно иницијативата и преку одлично контролиран напад успеа да дојде до водство, но екипата на ЕВН успеа да ги консолидира своите редови и го израмни резултатот на 2-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на УНИКА прикажа апсолутна доминација и со перфектна реализација успеа да дојде до три гола предност. ЕВН се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но искуството на УНИКА не го дозволи тоа па со смирена и рутинирана игра успеаа да дојдат до злато.

Прво место во регуларниот дел на Телеком Бизнис Лигата – ЕЛЕМ
Второ место во регуларниот дел на Телеком Бизнис Лигата – Лукоил
Трето место во регуларниот дел на Телеком Бизнис Лигата – МЕПСО

Најдобар голман – Жарко Андреев (ХАЛКБАНК)
Најдобар играч – Арбен Нухиу (УНИКА)
Најдобар стрелец – Петре Даиловски (ЕВН)
Најдобар ветеран - Агрон Пацоли (Телеком)
Најдобар играч на завршниот турнир - Љуљзим Каштањева  (УНИКА)

Трето место на Телеком Бизнис Лигата - МЕПСО
Второ место на Телеком Бизнис Лигата – ЕВН
Прво место на Телеком Бизнис Лигата - УНИКА

19 мај 2016 - 10:53