Кога мозокот за фудбал кој ја организира течната тики така игра, најсилното оружје на Барселона години наназад, на ваков начин ќе ви го опише човекот со 5 освоени златни топки, тогаш и од дното на душата да ја мразите Барса, не може а да не го признаете. Мозок е.
Во книгата „Артистот“: Да се биде Иниеста, Лионел Меси зборува за неговиот уникатен однос со Иниеста и открива што го прави неговиот тимски колега таков посебен игра.
„Луѓето зборуваа за Иниеста речиси веднаш штом пристигнав во Барселона. Не го запознав во Ла Масија, ние сме три години разлика. Потоа го видов на тренинзите и отсекогаш беше истиот и како човек и како играч“
„Топката секогаш му беше прилепена за нозе и така се навикнав да го гледам. Се што прави, го прави одлично, со леснотија. Понекогаш можеби изгледа како да не прави ништо, но тој прави се. Најтешкото нешто во фудбалот е да се направи да изгледа дека се е лесно, без напор. Тоа е Андрес“.
„Тој има повеќе контакт со топката од мене. Тој е човекот кој ги повлекува потезите, кои прави работите да тргнат да мечот. Знам колку е тешко е да се прави тоа што му е работа. Неговата игра е различна и потекнува од времето кога бил мал, иако потоа со текот на времето постојано ја развивал низ работа со тренерите. Можеби може да се каже дека и двајцата имаме нешто од улиците во начинот на игра“.
„Кога си дете и играш фудбал на улица потоа носиш со себе работи кои ќе ти бидат многу корисни во иднина. Се навикнуваш да играш со постари и поради тоа не ја менуваш својата игра. Играш на свој начин. Андрес и јас сме слични во тоа што и двајцата многу го користиме телото за да го избегнеме противникот. Но тој има нешто што секогаш ме восхитува. Секогаш има момент кога ќе помислите дека ќе го стигнат и ќе му ја земат топката, но не можат. Тој не е многу брз, но има способност секогаш да биде далеку од противникот, а тоа доаѓа од техниката.
„Слични сме во фактот што ние не зборуваме многу. Тој седи во еден агол, јас во друг, но ни се вкрстуваат патеките, поврзани сме и со само еден поглед се разбираме. Не ни треба ништо повеќе од тоа. На терен сакам да биде блиску до мене, особено ако работите на мечот тргнат во лош правец. Тогаш му велам: Дојди поблизу, биди на мојата страна. Тој ќе ја преземе контролата и одговорноста, го води тимот. Андрес, Чави, Бускетс и јас секогаш сакаме да имаме контрола над топката и играта и да создадеме нумеричка предност. Искусивме многу среќни моменти заедно, а посебно се сеќавам на еден емотивен момент на Бернабеу по еден постигна гол. Тоа беше прекрасен гест од него“.
Меси зборува за моментот кога Иниеста го постигна голот за 3:0 против Реал во 54 минута на дербито минатата сезона. Откако топката ја смести во мрежата, истрча накај клупата и го гушна Меси кој поради повреда мечот го почна од клупа. Сега Меси и Иниеста се капитени на клубот.
„Тоа е прекрасно по толку години растење заедно. Ние се разбираме многу добро и не треба да викнеме еден кон друг“, вели Меси.