Искуството на страната на ТРАНСМЕТ во дуелот со НЛБ Банка

ТРАНСМЕТ со 11 гола во мрежата на НЛБ Банка стигна до победа, а бодови во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата освоија и екипите на МЕПСО и Адмирал.

Оне.Вип немаше доволно сили за пресврт во дуелот со МЕПСО
МЕПСО 5-3(4-0) Оне.Вип
МЕПСО: Виктор Петровски 1’ 3’ 8’ Борис Трајковски 12’ Александар Стојчевски 37’
Оне.Вип Мартин Ангеловски 30’ 37’ 39’

Екипите на МЕПСО и Оне.Вип натпреварот го започнаа во релативно изменети состави во однос на минатата година, па на самиот почеток на полувремето ја местеа играта поврзувајќи ги своите редови во нападот. Екипата на МЕПСО го имаше расположениот Виктор Петровски кој успеа да постнигне три гола за водство од 3-0, на него се приклучи и Борис Трајковски во 10 минута. Оне.Вип не успеаа да го загрозат голот на МЕПСО па полувремето заврши со 4-0. Во второто полувреме екипата на Оне.Вип заигра нешто поофанзивно во нападот и успеа преку Мартин Ангелковски да се приближи на 5-3, но МЕПСО не дозволи целосен пресврт, целосно ги консолидира своите редови за победа на овој натпревар со истиот резултат од 5-3.

Искуството на страната на ТРАНСМЕТ во дуелот со НЛБ Банка
НЛБ Банка 3-11(0-4) ТРАНСМЕТ
НЛБ Банка: Жарко Димитриески 28’ Томислав Петрушевски 32’ Милош Денковски 34’
ТРАНСМЕТ: Бобан Велјановски 4’ 23’ 38’ 40’ Един Скендеровиќ 7’25’ Емир Бегановиќ 8’ Амер Скендеровиќ 20’22’ 36’ Живко Стојковски 24’

Екипата на ТРАНСМЕТ сезоната ја отвори со новакот во Бизнис Лигата НЛБ Банка, уште на самиот страт ТРАНСМЕТ се потпре на долгогодишното искуство кое го има во Бизнис Лигата и успеа да ги искористи сите грешки во одбраната на НЛБ Банка која не успеа да ги реализира отворените шанси за гол па на полувремето ТРАНСМЕТ замина со високи 4-0 кои ги реализираа Бобан Велјановски, Един Скендеровиќ ,Емир Бегановиќ, Амер Скендеровиќ. Во второто полувреме Трансмет продолжи во ист ритам и од минута во минута го зголемуваше своето водство кое во 26тата минута беше високи 8-0. Кај екипата на НЛБ Банка својот дебитантски гол го постигна Жарко Димитриески во 28та минута а потоа голови постигнаа и Томислав Петрушевски во 32та минута и Милош Денковски во 34тата минута, но тоа не беше доволно за целосен пресврт над ТРАНСМЕТ кој го имаше искуството на своја страна па го доби овој натпревар со 3-11.

Адмирал со голман-играч подобар од ОКТА
ОКТА 4-7(1-4) Адмирал
ОКТА: Александар Капетановски 10’ 30’ Драганче Стојановски 26’ 33’
Адмирал: Горан Ѓоковиќ 3’ 9’ 25’ 38’ Стефан Серафимовски 10’ Спасе Новаковски 16’ Мирослав Спасовски 22’

Уште еден дебитант во овогодинешната Бизнис Лига на Македонија е екипата на ОКТА, таа имаше свое деби против екипата на Адмирал. Во првото полувреме екипата на Адмирал уште на самиот старт настапи со голман-играч во која формција успеа да ја изненади ОКТА и преку Горан Ѓоковиќ 3’ 9’ ,Стефан Серафимовски 10’ и Спасе Новаковски 16’ успеа да стекне солидна предност. На спротивната страна ОКТА искористи само една од шансите кој и беа укажани и преку Александар Капетановски во 10тата минута намали на 4-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ОКТА започна со голман играч што значително ја подобри нивната игра како во нападот така и во одбраната, но искуството беше на страната на Адмирал кој во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот во овој натпревар кој го доби со 4-7

5 октомври 2016 - 13:47