Не само што не е негативен како што му вадат муабети, туку може да го зголеми вашето задоволство од животот, самопочитта и да ја намали нервозата, од вас само се очекува стварно да сте заинтересирани за секс за еден вечер.
Мексиканскиот селектор, Мигуел Херера, комплетно им забрани секс на фудбалерите за време на Светското во Бразил. Босанскиот, Сафет Сушиќ, им забрани секс, ама им дозволи мастурбирање. Клинсман ги остави американските фудбалери да прават што сакаат.
Човекот навистина е девец и ова го пишува по последното масовно убиство во САД, кога 22-годишник уби 6 луѓе, а повреди 13, и се само заради тоа што девојките не му обрнувале внимание. Ненамерно, ова е еден од најдобрите аргументи против фотогреј очила.
„Дроља" или „ороспија" е едноставно навредлив термин кој дури (или особено) помеѓу жените служи за воспоставување хиерархија и за меѓусебно контролирање. Има и класни разлики во тоа кое однесување жените го дефинираат како курвинско.
Никогаш претходно не било толку лесно да се преправаш колку многу знаеш, без притоа да имаш какви и да е познавања. "Нашиот културолошки канон е одреден од што и да е што ќе добие најмногу кликови."
Зборувајќи во Кан, Памела Андерсон ги потврди главните сомнежи околу нејзината младост: "Немав лесно детство. И покрај тоа што имав прекрасни родители, на 6 години бев злоупотребена од мојата беби-ситерка... подоцна на 12 години бев силувана од мојот дечко, кој сметаше 'дека ќе биде забавно ако ме силува со своите 6 другари.'"
Без разлика дали сакате да се одржувате во форма, да се грижите за здравјето или за животната средина, да бидете економични, или пак едноставно уживате во него, дефинитивно возењето велосипед е една од најдобрите работи што било кога ќе ги направите!
Фотките на Ријана во магазинот Луи покажаа едно згодно науљено тело (глупо е да напишеме замастено ко да е свеќица од Фиќо), фини цициња, една тетоважа под нив и пирсинг на брадавицата. Но, истите фотки обелоденија уште една работа: колку Плејбој е веќе нерелевантен.
Анализата е на тема колку често паровите имаат секс. Резултатите ќе извадат бројки за кои жените веројатно се свесни, а мажите ќе бидат упорни дека тие не важат за нив.
Данска е земја чии жители имаат многу причини за среќа. Но не дека земјата нема проблеми. Еден од ретките е оној општиот европски, кој го делиме и ние: наталитетот и фактот дека континентот старее бидејќи се раѓаат сè помалку деца. Значи, си имаме исто гајле, само што наместо грижа на совест за иднината на нацијата, нивната кампања мава на секс.
Веројатно не постои друго парче облека кое може така ефикасно да ги нагласи како божанствените убавини на женското тело така и и најнепријатните облици на нивните долни половини. Знаевте ли дека први на светот се сетиле хеланки да облечат едни Скопјани? Оној белиот чичко, што седи покрај плоштад, со грбот свртен кон Вардар, ви текнува?
Во целата расправија околу трошењето за здравствена заштита во САД, ниту еден законодавец не ја спомна (ниту некогаш ја спомнал) ставката на која се потрошени 172 милиони долари - пумпи за пенис. Паралелно со ова, постои огромен отпор женската контрацепција да се стави под основната здравствена заштита.
150 долари од час е просечната цена за проституција низ САД, со тоа што возраста (млада), расата (бела) и (не)користењето на дрога влијае на тоа колку може една девојка да наплати.
Новинарка на американскиот културен магазин Full Stop не била сигурна што тема да му предложи на својот уредник кога на меил ѝ стигнала покана за оргија. Облекување и одење. Еве како си поминала.
Последната деценија во САД значајно се измени ситуацијата во полза на поддршка на геј браковите. Но, огромен дел од они кои поддржуваат вакви бракови, и натаму мислат дека сексот меѓу припадници на ист пол е неморален.
Еден ден по потпишувањето на законот за воведување на построги казни за хомосексуалците, таблоид од Уганда објави список со имиња на топ 200 хомосексуалци во земјата. Луѓе на кои таблоидот им ја одреди сексуалната ориентација.
Секс индустријата на Кина (инаку крајно нелегална) се претпоставува дека брои околу 6 милиони сексуални работници (!!!). "Престолнината" на оваа индустрија е градот Донгуанг. Неодамна власите извршија рација за која регрутираа 6.000 лица.
Група социолози, експерти за демографија, компјутерџии и експерти за математика, решава повторно да си ја направи работата интересна и започнуваат проект во кој ќе ги следат онлајн порно навиките и кој што пребарува.