Жената која имала секс со делфин, во рамки на научна студија, конечно решила да проговори за своето искуство.
Во текот на лудите 60-ти години Маргарет Хау Ловат работела на експеримент финансиран од НАСА, со цел да се обидат да ги научат интелигентните морски суштества да зборуваат англиски.
Маргарет во 1963 година ја претворила куќата во аквариум за делфини, така што ја поплавила со вода до колена. Тогаш го запознала Питер, млад делфин кој, според неа, станал сексуално зрел.
Како што минувало времето, тие станувале сè поблиски, нивната врска напредувала до ниво што подразбира физички контакт.
- Питер сакаше да биде покрај мене. Се триеше од моето колено, од стапалата и рацете, а јас му дозволував. Не ми беше непријатно сè додека не стана премногу груб. Беше полесно да се инкорпорирам и да дозволам тоа да се случи. Беше драгоцено и нежно, Питер беше тука и знаеше дека и јас сум тука – раскажува Маргарет.
Тоа станало регуларен дел од нејзините студии додека се обидувала да го научи да зборува англиски.
- Од негова страна, тоа беше сексуално искуство, од моја, беше повеќе сензуално, а не сексуално – вели Маргарет.
Проектот, кој почнал со идеалистички цели, набрзо пропаднал. Со години се ширеле шпекулации за дрогирање на делфинот, а тука била и скандалозната природа на односот меѓу Маргарет и делфинот.