Генерација на луѓе што не знаат за што зборуваат

Никогаш претходно не било толку лесно да се преправаш колку многу знаеш, без притоа да имаш какви и да е познавања. "Нашиот културолошки канон е одреден од што и да е што ќе добие најмногу кликови."

"Зошто Соланж го нападна ЏејЗи во лифт? Не ја гледав безбедносната снимка на ТМЗ - многу време траеше - ама скролав низ доволно галама за да знам дека Соланж го исчистила својот Инстраграм фид од сите фотографии од Бијонсе. Или што е со оваа сезона на 'Игра на Тронови' и неконсензуалниот секс во гробницата? Не го гледам шоуто, ама ги пројдов набрзина сите рекапитулации за шоуто на Vulture.com и сум подготвен да се расправам дека тоа е сериозно навредлив чекор. Дали Папата Францис е постмодерен понтиф? Никогаш не сум слушал некоја негова проповед, ниту го гледав неодамнешното појавување на '60 минути,' ама сум видел доволно ретвитови на @Pontifex, и подготвен сум да кажам дека неговите позиции во врска со нееднаквоста и социјалната правда се зачудувачки прогресивни.

Никогаш претходно не било толку лесно да се преправаш колку многу знаеш, без притоа да имаш врска од што и да е. Избираме тема, релевантни делови од Фејсбук, Твитер, меил алерти, и потоа ги блуеме назад. Наместо да гледаме 'Мед Мен' или Супер Боул или Оскарите или претседателска дебата, може само да скролаш низ нечие твитање во живо од настанот или да ги прочиташ главните делови во текот на следниот ден. Нашиот културолошки канон е одреден од што и да е што ќе добие најмногу кликови," пишува Карл Гринфилд во неговата колумна за Њујорк тајмс.

Тој ја наведува книгата "Cultural Literacy: What Every American Needs to Know," од 1987-ма во која авторот Е. Д. Хирш јуниор листа 5.000 клучни концепти и имиња, што секој образован Американец треба да ги знае. "Оваа книга, заедно со 'The Closing of the American Mind' на Алан Блум нагласија дека културолошката писменост е темелот на вредностите за кои се имаме согласено."

"Она што ние сега го чувствуваме е постојаниот притисок да знаеме доволно, во секое време, за да не нè фатат дека сме културолошки неписмени. За да можеме да преживееме разговор во лифт, бизнис состанок, посета на кујната на работа, котел забава, за да твитаме, четуваме, коментираме и праќаме пораки, како навистина да сме прочитале, гледале или слушале нешто. Она што ни е важно нам, не е самата консумација на содржините, туку едноставно да знаеш дека тоа нешто постои - и да имаш став за тоа, за да можеш да се вклучиш во галамата околу него," пишува Гринфилд.

Првиот човек на компанијата за веб аналитика, Chartbeat, Тони Хеил, неодамна изјави: "Немаме најдено никаква корелација меѓу социјалните споделувања и бројот на луѓе кои го прочитале истото."

"Оние од нас кои се во бизнисот со собирање, споделување и препродавање информации веројатно се меѓу најлошите престапници. Пред некое време бев на телефон со уредник, кој спомна едно дело од познат автор. Јас тврдев дека ја имам прочитано сторијата. Дури подоцна во разговорот ми стана јасно дека сторијата уште не е објавена и дека не било возможно да ја прочитам. Потоа продолживме да зборуваме за политичар од Калифорнија кој беше фатен во комплицира скандал. На никој од нас не му текнуваше името на политичарот. Дали тоа нè спречи со површно знаење да разговараме за предностите и негативностите на сторијата? Апсолутно не," раскажува новинарот и автор на книгата SubPrime.

Според Гринфилд, бидејќи никој ништо не следи, сега ние во основа сме во ситуација кога сè што правиме е "споредување на фидовите од социјалните медиуми."

27 мај 2014 - 16:53