Заради се повеќе докази за употреба на кокаин и други нелегални супстанци во службениот дел од Парламентот, се планира да биде повикана полиција со кучиња да почнат да патролираат и душкаат низ зградата.
Најдобро рангираниот водител на Си-ен-ен беше личен советник на гувернерот Ендру Куомо во последните 18 месеци од неговиот мандат, од каде замина заради обвинувања за сексуално малтретирање.
Џек Дорси е еден од четворицата кои го ко-основаа Твитер во 2006, и за цело ова време беше најексцентричниот од сите нив. Отприлика и неговата оставка е таква, во време кога на Твитер почна добро да му оди.
Крис Куомо еден од водечките ликови на Си-ен-ен ги користел своите извори во медиумскиот свет за да открива информации околу жените што го обвинија неговиот брат и тогашен гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, за сексуално малтретирање.
Заштита на децата од опасност е фундаментален инстинкт, меѓутоа толерирањето на ризиците бара тежок- но неопходен - емотивен труд, вели докторка која е и мајка, потсетувајќи дека стравот од ковид кај најмладите трча пред бројките: ризикот кај нив е 600 пати помал отколку кај старите.
Ако по некоја методологија покажете дека локдаунот имал ефект, а имате контра пример на Флорида и Шведска каде што нема локдаун и го имате истиот ефект, можете да ја заглавите главата во песок и да кажете: тоа се исклучоци! Но, дали се исклучоци или се контра-примери кои ја побиваат хипотезата?
19 од 20-те најпосетувани Фејсбук страници од американските христијани се водени од трол фарми во источна Европа. Кога ќе се спомне дека е можно Кремљ и Путин да имаат вмешано свои прсти во во сето тоа, ете фрка за параноичните Американци за следните избори.
Уште на почетокот на годинава, првиот човек на токиската медицинска асоцијација предложи ивермектинот да добие зелено светло. Надлежните институции го послушаа дури есенва. Резултатите ги гледате на фотографијата.
Има едни кои се скептици и кои другите ги сметат за наивни овци кои слушаат сè што ќе им се каже одозгора, не гледајќи ја „големата слика“. Ама па има и други кои се убедени дека се супериорни зашто „веруваат во науката“, несвесни дека е тоа контрадикторен поим - од Декарт до денес, основата на науката не е верата туку скепсата. Можна ли е разбирачка меѓу завојуваните страни?
Кога се најавува условување на слободата на движење, работа и живот со сертификати, сметам дека е моја должност јавно да кажам НЕ за ковид пропусниците - мојата нема да ја користам, иако ми дале „право“ на неа. Нема да бидам граѓанин од прв ред додека мои сограѓани и колеги се третираат како лепрозни, без никакви докази.
Уште од старт предупредувањата беа дека обвинувањата за соработка со Русија се без основа ама тогашниот анти-Трамп фронт не сакаше ни да чуе за тоа. Сега кога им е јасно, не сакаат ни да чујат за признавање на сопствената улога во ширењето на оваа лага.
Скот Смит е татко на 15 годишно девојче кое било сексуално нападнато во школско веце од машко кое носело сукња. Откако реши да биде гласен и да ја брани својата ќерка, беше распнат од твитер легионерите на кои им е побитно да буткаат про-трансџендер агенда отколку да се секираат за некаква безбедност на учениците.
Израелските тајни служби со години сакаат да го убијат иранскиот научник и еден од најдобро чуваните луѓе во Иран, Мохсен Фахризадех. На крај наоѓаат начин и тоа го изведуваат без ниту еден нивен оперативец да биде присутен на терен за време на егзекуцијата.
Питер Богосиан е филозоф и професор по филозофија на Универзитетот Портланд Стејт, до пред некој ден кога поднесува оставка бидејќи, како што вели, „колку повеќе зборував за нелиберализмот што го проголта универзитетот, толку повеќе се соочував со одмазда“.
Само еден од научниците што во март 2020 го потпишаа писмото објавено во најважниот светски медицински журнал, Лансет, во кое „најостро се осудуваат теориите за заговор“ дека коронавирусот е протечен од кинеска лабораторија, немал конекции со научниците од лабораторијата во Вухан, нивни финасиери или соработници.
Во пресрет на 20 годишнината од 11 септември 2001 година, се појави ново видео со еден од лидерите на Ал каеда, Ајман ал-Завахири. Човекот за кој со месеци се веруваше дека е мртов.
Паралелно со апокалиптично хаотичните сцени од евакуацијата во Авганистан, на само неколку километри од аеродромот со месеци крајно систематски и педантно се одвиваше евакуацијата, чистењето и на крај демолирањето на еден од најтаинствените и најозогласени комплекси во земјата.
Доаѓа госпожата и фаќа да го поти, те што не го прошетал кучето, те што уште лежи и чита а треба да одат на погреб, те што му фатила докази дека има швалерка. Пазете какви фантастични реакции се тоа.
За прв пат од февруари 2020 во Авганистан загинаа американски војници, а последен пат толку загинати Американци во еден месец имало во 2014, и зад сето ова стои терористичката група под името ИСИС-К.
Крајот на август или почетокот на септември 2019, е периодот во кој ковид-19 вирусот протекува од Вухан институтот за вирологија. Кога ова им станува јасно на кинеските власти и на научниците тие очајнички се обидуваат да го замаскираат протекувањето, меѓутоа веќе е предоцна за тоа бидејќи вирусот почнува да се шири низ 11-милионскиот град, се наведува во новиот извештај кој доаѓа од американскиот Конгрес.
Постои долга историја и планина на докази како ФБИ не само што открива заговори и мрачни планови, туку активно учествува во нивно поттикнување и креирање, за да може после да ги „раскринка“ и да ја „зачува“ националната безбедност. Стравот од загрозување на уставниот поредок секогаш е добредојден за буџетот на ваквите бироа и загенции.
Минатиот месец, клучен сведок против Асанж призна дека неговото сведоштво е лажно. Ова е дополнителен доказ дека случајот нема каква било врска со правдата - туку е создаден за да се замолчат критички настроените новинари.