Американските христијани немаат идеја дека зад нивната најомилена Фејсбук група од 2019 година, „Be Happy Enjoy Life“, стои фарма на тролови во некоја недојдија во источна Европа, која генерички се поврзува со „Велес, Маседониа“ (иако добар дел од нашиве се имаат префрлено на крипто-валути).
МИТ дошол до интерен документ на Фејсбук кој покажува дека содржината која ја креираат источно-европските трол фарми успева секој месец да допре до до неверојатни 140 милиони американски корисници на Фејсбук, иако 75% од нив не ги следат тие групи.
19 од 20-те нивни омилени Фејсбук групи се такви:
За нив, загрижувачки е што ваквите трол фарми допираат до истите демографски групи за кои беше осомнична руската интернет истражувачка агенција ИРА дека ги лови за изборите во 2016: христијани, црнци и Индијанци.
Во една не баш скорешна истрага на Базфид, еден од клучните докази им беш дека барем еден човек од ИРА го има посетено Велес во тоа време (а може бил човекот на ракија и бел џигер). Истрагата на самиот Фејсбук не успеа да докаже поврзаност меѓу ИРА и велешани.