Разбирлива беше вознемиреноста кај многу родители кога на 27 јули, директорката на американскиот Центар за заразни болести, Рошел Валенски, рече дека вакцинираните луѓе заразени со варијантата Делта можат да го пренесат вирусот „со ист капацитет како невакцинирана личност“. За луѓето кои мислеа дека пандемијата завршува, тоа беше слично на гледање хорор филм кога мислиш дека најстрашното поминало ама режисерот приредил уште едно шокирање.
После тоа, педијатриските болници почнаа да се полнат по што се зголеми перцепцијата дека децата подеднакво се во опасност.
Иако веќе ја нема лежерноста на летото, и сега остануваат некои смирувачки факти: засега се смета дека варијантата делта не е посмртоносна од претходните варијанти. Иако е позаразна, делта не изгледа конкретно насочена кон децата. Никој не треба да биде изненаден што неимуните деца сочинуваат поголем удел во вкупниот број на инфекции бидејќи повеќе возрасни се вакцинираат. Иако случаите се зголемуваат кај децата, неодамнешниот извештај на Американската академија за педијатрија покажува дека само 0,9 проценти од случаите на ковид кај децата резултирале со хоспитализација а 0,01 отсто резултирале со смрт.
Една неодамнешна рецензирана студија во Британија на речиси 260.000 деца (од кои 1.700 покажале симптоми) нè потсетува дека за повеќето деца, инфекцијата со коронавирус ќе се манифестира како обична настинка - ако воопшто се манифестира. Резултатите потсетуваат сдека ковид е само една потенцијална причина за детско малаксаност.
Обилните докази покажуваат дека стапките на пренос на коронавирус во училиштата се приближно еднакви или помали од оние во другите заедници. Со други зборови, школските услови не се инхерентно опасни за помалите деца што би требало да ги потсмири родителите кои се нервозни што децата се вратија во училниците.
САД изгубија 350 деца (од 74 милиони) од ковид. Заради контекст, од истата болест животот го изгубија 600.000 возрасни а оние над 85 години живеат под 600 пати поголем ризик од смрт отколку децата.