Многу спортисти од регионов, меѓу кои и нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков се најдоа во Украина кога почна војната. Еден од нив е одбојкарскиот репрезентативец на Црна Гора, Рајко Стругар.
Легендарниот „геније“, човек поради кој многу навивачи го засакаа Милан, отворено ја прокоментирал ситуацијата со санкциите за рускиот спорт поради ситуацијата во Украина.
Од нападите на Русија во Украина се згрозени многу навивачки групи. Меѓу нив и навивачите на Легија Варшава и Висла Краков, кои веројатно никогаш претходно немале согласност за нешто друго. Грмеа во еден глас против Путин на големото полско дерби.
Како што расте војната во Украина, така се редат санкции во рускиот спорт кои веќе не може да ги пофатиме. Се огласи Спартак Москва, која смета дека спортот, дури и во најтешките моменти, треба да гради мостови, а не да ги руши.
Сме ги виделе. Или на Wordle каде што зборот е „мир“. Или Хари Потер-шеги за Путин. Или еден куп локални мемиња. А забораваме дека се една несериозност во поглед на нешто многу морничаво - Трета светска војна.
Треба ли луѓето да престанат со работа, затоа што има војна? Фер одговор на ова е не, ама барем да почекаш со ведрите реклами откако ќе објавиш дека се молиш за Украина.
Во други околности ова ќе беше гол за величање, бидејќи исфрли четворица од игра во стилот на Меси, ама Алексеј Миранчук демонстрираше јасно што е најважно во моментов.
Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.
Шериф Тираспол беше најголемо изненадување во еврокуповите. Откако ги елиминираа Црвена звезда и Динамо Загреб и за првпат во клупската историја се пласираа во Лига на шампиони, таму направија сензација откако славеа над Реал на Анчелоти среде Мадрид.
И додека многу спортисти, клубови и федерации ги осудуваат нападите на Путин, а ФИФА им реди санкции, на Светски Куп во Финска го прашуваат рускиот скијач Вјачеслав Барков за војната во Украина, а тој мртов ладен вели дека тоа било спасувачка операција.
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој денеска требаше да дебитира во украинското првенство за новиот клуб Ворскла од Полтава, соопштија со сопругата дека ја напуштиле Украина и влегле во Унгарија.
Легендарниот фудбалер, сега тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, на прес-конференција пред мечот со Салернитана во Серија А, бил запрашан од новинарите да го прокоментира воениот конфликт меѓу Русија и Украина. Се отвори за болното минато и се расплака.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми синоќа ја завршија европската авантура со Динамо Загреб, кој беше кус за еден гол, вреден продолженија против Севиља. На трибината на хрватските навивачите можеше да се слушне и види поддршка за Украинците.
Во текот на вечерта во четвртокот, претседателот на УЕФА Александар Чеферин најави дека за петок, пред ждрепките за еврокуповите во Нион, ќе заседаваат за прашањата поврзани со конфликтот во Украина.
Македонската кошаркарска репрезентација, помалку и очекувано, поради ослабениот состав и многу младинци во екипата, изгуби со 21 поен разлика од Грузија (91:70) и го претрпе и третиот пораз во групата во која Шпанија славеше 88-74 против Украинците кои пред мечот емотивно ја испееаа државната химна.
Тешка ноќ за украинските фудбалерите, кои додека се бореа синоќа на терен, со мислите беа кај својот народ. Еден од нив беше украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски.
Британските таблоиди, во прв ред Дејли Мејл, пишуваат дека на денешните собраниски средби се донела одлука на сопственикот на гигантот и европски шампион Челси да биде протеран од земјата.
Воениот напад на Русија врз Украина го стопираше фудбалот во оваа земја, а загриженост за својата иднина покажаа бразилските фудбалери кои велат дека ситуацијата е очајна.
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков изгледа нема да дебитира во украинското првенство, откако ноќеска безбедносната ситуација во оваа земја нагло се влоши.