Финалето на елитната Лига на шампиони беше закажано за 28 мај (сабота, 21:00 часот) на „Газпром Арена“ во Санкт Петербург, но УЕФА реши да ѝ го одземе домаќинството на Русија од безбедносни причини. Од повеќе страни во фудбалска Европа се повикува УЕФА да ги суспендира и исфрли сите руски тимови и репрезентации од натпреварувањата под нивна закрила.
Наместо на Арената во Санкт Петербург која собира 68.000 гледачи, првиот човек на УЕФА по состанокот со Извршниот комитет на унијата, решил финалето да се игра на „Стад де Франс“ во Париз.
Украинската фудбалска федерација притоа побарала од УЕФА да ѝ го одземе на Русија натпреварот од Супер Купот на УЕФА кој за 2023 е закажан за Казањ.
Во соопштението на УЕФА стои и дека натпреварите на репрезентациите на Украина и Русија кои играат во плејофот за пласман на Светско првенство 2022 ќе бидат организирани на неутрален терен.
Русија на 24. март требаше да игра со Полска во Москва, но сега е решено да се игра на неутрален терен. Исто е и со клубовите.
„На денешниот состанок, Извршниот комитет на УЕФА реши дека руските и украинските клубови и репрезентации кои се натпреваруваат под закрила на УЕФА предвидените домашни натпрревари ќе ги играат на неутрален терен на неодредено време“.