- Роман Абрамович прифатил барање од украинска страна да помогне во преговорите за ставање крај на воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
- „Можам да потврдам дека Роман Абрамович беше контактиран од украинска страна за поддшка во изнаоѓање резолуција за мир, и дека тој веќе се обидува да помогне“, вели човек од клубот Челси.
- Ерусалим Пост извести дека Абрамович веќе е во Белорусија каде ќе присуствува на украинско-руските преговори.
- Сао Пауло од Бразил гостувал во Боливија каде одиграл 1-1 против Боливар. Пред натпреварот тројца шофери на автобусот со кој требале да се превезуваат гостинските фудбалери од славниот клуб, биле уапсени поради тоа што во автобусот им пронашле 86 килограми марихуана.
- Бразилскиот клуб стигнал во Санта Круз де ла Сиера пред да се упати во Ла Паз, градот на огромна надморска исина каде играа против Боливар. Сепак по доаѓањето на Бразилците, имало проблем зошто полицијата пронашла 86 килограми марихуана во автобусот кој тргнал да ги превезува од аеродромот.
- Според извештаите на локалните медиуми, Сао Пауло ја ангажирал фирмата “Buses Cosmos“ за превоз на целата делегација до градот. Но возилото било сопрено во близина на градот Кочабамба. До моментот кога Сао Пауло слетал на аеродромот фирмата во Санта Круз де ла Сиера успеала да го реши проблемот и да прати друг автубос.
- Првиот човек на европската кошаркарска федерација ФИБА Хорхе Гарбахоса повторно во само неколку недели е во Македонија. Тој беше во посета на Гевгелија каде го следеше дуелот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.
- Домаќини на Гарбахоса му беше раководството на КФМ и градоначалникот на Општина Гевгелија кои му подарија дрес од КК Кожува со што беше одбележана неговата посета на градот кој деновиве е центар на европската младинска кошарка.