Ги има насекаде, ги објавуваат и познати и непознати; и ваквото однесување ги третира како социјална валута - нешто што се објавува за да се привлече внимание, да се вклопиш или да дадеш јавна изјава за тоа каков си. На некој начин, има смисла. Мемињата се вткаени во нашиот јазик и култура и се неверојатно добри во пакување информации и нивно проектирање низ интернетот со неверојатна брзина.
Споделуваме мемиња и кога немаме зборови да се изразиме. На пример, за анксиозноста околу ескалирачката агресија. И едноставно репостирање меме за моменталните настани, сака да каже, „читам јас вести, добар човек сум, ама не знам како да реагирам, ЛОЛ.“ Проблемот овде е што се нудат три изјави по ред. Во конкретниов случај, нема конекција и научување, а да не зборуваме за некакво влијание. Наместо тоа, социјалните мрежи ни се преплавени со недоквакани мисли и „гледајте ме мене“ крикови и перформанси, што ни го захтеваат вниманието и креираат бучава.
Власта Пилот е уметник од Лос Анџелес и креатор на Тик Ток. Родена е во Русија (каде што сè уште има семејство) и цело време е во контакт со пријатели од Русија и Украина. Чудноста на мемињата за трета светска војна ја припишува на апстрактните начини на кои нивните креатори зборуваат за војната. Вели,
„Малку ми е тешко да сочувствувам со овој наратив дека миленијалците се уморни од живеење за време на историски настани, кога повеќето од нив, реално, не живеат со нив, туку ги гледаат како се случуваат некаде далеку, од удобноста на сопствената дневна соба.“
Мемиња се споделуваат и кај нејзините руски и украински пријатели, „колку да се посмееме“, но генерално, тоа не дава ни надеж ни олеснување. Мемињата имаат ограничена способност да помогнат во справување.
„Има одредени содржини што, колку и да пробувам да ги избегнам, секогаш ме наоѓаат,“ вели Пилот. „Кратките вирални видеа за Влади Зади Путин, или Плутон над Украина, Џеф Безос како доаѓа да ги спаси сите освен Русија. Но, правењето мемиња,“ истакнува таа, „бара одредено ниво на изолираност.“
Како инаку би претвориле реални луѓе и настани - а во случајов и човечко страдање - во содржина? Овде и се гледа како мемињата ја одвојуваат содржината од реалноста, што во случајов е буквална војна.