Малку кармин, малку Украина

Треба ли луѓето да престанат со работа, затоа што има војна? Фер одговор на ова е не, ама барем да почекаш со ведрите реклами откако ќе објавиш дека се молиш за Украина.

Америка „сочувствува со Украина“, тоа знаеме. Славните објавуваат молитви и повици за донации - пример се Рајан Рејнолдс и Блекк Лајвли, кои рекоа дека ќе ја дуплираат секоја донација до милион долари за жртвите на војната, потег кој го одобри (со донација) друга метеорски славна личност - Џенифер Анистон.

Кајли Џенер, која не е така активна (има ново бебе, плус уште е тазе трагедијата со концертот на нејзиниот партнер, Тревис Скот), испрати молитви и мисли за Украина на Инстаграм стори, па кратко потоа нè покани да си ги купиме новите сјаеви од нејзината колекција.

@browneyed_babyyy “Im so sad for Ukraine! 💔 anyways my new lip shiners-“ #kyliejenner #wtf #ukraine ♬ original sound - material growl 😘💅

Луѓето се разбира, мрчат. Личи неумесно, „Леле греота Украина, него ми ги видовте ли новите производи“, ама мислењата се поделени. На секое прашање „дали е нормална“, доаѓа по едно „сакате да се пријави да војува, или што?“

Пресудата?

Веројатно еден од тие што коментираат е во право:

Повеќето членови на тоа семејство се ноторно без осет, со чуден пристап на тема донации.

Скоро имавме дека Клои Кардашијан не ги донира, туку ги продава бебешките алишта на ќерка ѝ, а нешто поодамна, Кајли Џенер повика да се донира за лекување на нејзин соработник и пријател, кога многу лесно, како милијардерка можеше да ги покрие сите трошоци.

1 март 2022 - 09:57