Форбс ја тргна Кајли Џенер од милијардери, од проста причина што - не е

Ви текнува како Кајли Џенер стана најмладиот „самонаправен“ милијардер? Е па, не е. И не е проблемот во тоа „самонаправен“, со оглед на тоа во кое семејство е родена. Не бе, си лажело девојчето.

Форбс објави позамашна статија каде што ја обвинува Кајли за пумпање на приложените бројки и дека лажела на даночните пријави за да изгледа дека е побогата отколку што реално е. Поточно, Кајли вели дека веќе не е милијардерка затоа што и нејзината компанија трпи заради пандемијата - Кајли Козметикс е многу помала и помалку профитабилна отколку што целото семејство се труди да ги убеди медиумите и светот. Го заклучиле ова откако ги провериле документите преку Коти, конгломерат кој скоро откупи 51 процент од Кајли Козметикс.

Во случај да не ви е толку забавно, еве има уште: Извештајот кажува дека Кајли долго време сакала да се појави на насловната на Форбс и невообичаено многу се трудела за да стигне до таму. Дури и поканила луѓе од Форбс кај нејзе дома и во канцелариите и прикажала лажни документи за данок.

После пандемијата, и калкулации за тоа како влијае на компаниите, вклучувајќи ја и таа на Кајли, Форбс открива дека вистинската вредност ѝ е нешто под 900 милиони. А веројатно кога си до 900 милиони, ќе си каснеш од гз што ти фалат уште „толку малку“ за да бидеш од појаките.

:)

„Повеќе од третина од тоа е околу 340 милиони долари пост-даночни средства што би ги добила од продажбата на поголем дел од компанијата,“ се вели во извештајот. „Остатокот е од заработувачката на нејзиниот мал бизнис и поконзервативна проценка на профитабилноста, плус вредноста на преостанатите акции на Кајли Козметикс - која не само што е помала отколку што сакаа да нѐ уверат, туку сега вреди и помалку отколку во ноември кога се продадоа акциите.“

Кајли тврди дека статијата содржи „неточни изјави и недокажани претпоставки“ и рече „Можам да ви кажам 100 нешта кои се поважни во моментов отколку фиксирање на тоа колку пари имам.“

Вади се, вади се.

А стварно има милион поважни нешта. Ама дома сме, сѐ исчитавме, сѐ изгледавме, научивме да плетеме и станавме јога-мастери.

Понекогаш мора човек и со ова да се занимава.

31 мај 2020 - 21:37