Фудбалскиот сојуз на Украина соопшти дека го прекинува фудбалот откако претседателот Володимир Зеленски прогласи воена состојба.
Натпреварите по зимската пауза требаше да продолжат овој викенд, кога требаше за новиот клуб да дебитира и Ѓоко Зајков, меѓутоа заради влошената безбедносна ситуација, тие се одложени најмалку за триесет дена.
Со оглед на тоа што аеродромите се затворени, во специфична ситуација се ставени фудбалерите и општо спортистите, особено оние од подалеку.
Бразилците кои играат за Шахтјор и Динамо Киев, собрани во хотел со своите семејства, снимија видео преку кое бараат помош од бразилските власти.
„Затворени сме во хотел и чекаме. Со ова видео бараме помош, границите и аеродромите се затворени и не можеме да ја напуштиме земјата. Бараме помош од бразилската влада. Се надевам дека може да ни помогне“, рече Марлон, играчот на Шахтјор.
„Ситуацијата е очајна. Нема гориво, снемува храна, нема пари. Чекаме план за напуштање на Украина“, изјави Мораеш.
Jogadores brasileiros do Shakhtar e do Dínamo estão reunidos com as famílias em um hotel de Kiev. Acabaram de gravar esse vídeo pedindo ajuda das autoridades brasileiras para deixar o país. pic.twitter.com/7ah1RuKGo2
— Arthur Quezada (@ArthurQuezada) February 24, 2022
Ѓоко Зајков: Нема авиони и возови, веројатно ќе не спроведат до граница