Приказната со бегството од војна на црногорскиот одбојкар Рајко Стругар е за филм. Тој по низа перипетии на крајот здрав и жив стигнал во Будва каде во моментов е на безбедно со неговото семејство.
До пред неколку дена бил во Украина каде играл за клубот Решетиљка.
„Сè во Полтава беше вообичаено, животот се одвиваше нормално, трениравме и игравме. Се знаеше секако дека нешто се случува, но за тоа се зборуваше спорадично, онака со кафе: „Путин рекол ова, Путин рекол она, Зеленски рекол тоа...“ Но никој не веруваше што ќе следи. Јас десетина дена пред почетокот на војната бев во Црна Гора да си ја продолжам визата за престој во Украина и се вратив“, го почнува одбојкарот својот разговор за црногороски Вијести.
Клубот пред неколку дена го напуштиле неколку странци и тој се сместил со нив во букнвер. А Рајко Стругар, инаку брат на познатиот глумец Петар Стругар, добил идеја како да спаси глава од несакани епизоди.
„Ние тројца странци се сместивмево бункер, поточно во подрум. Баравме помош од менаџерот на клубот да излеземе од земјата, разговаравме со него, но добивме многу неодредени одговори. Пред зградата беше паркиран клупскиот мини-бус, мислам четири-пет дена беше тука, никој не го користеше.
Во текот на две ноќи во подрумот направив план на патот, му кажав на мојот соиграч Белорусинот Кирил Крсневски: „Јас одам со мини бусот, со тебе или без тебе не се вртам позади“.
Тој беше скептичен но во саботата рано наутро кога се разбудив, он веќе беше спремен. Го стартувавме комбето и тргнавме“, раскажува високиот одбојкар.
Тргнале прво за Молдавија но клубот ги пријавил за кражба на мини-автобус па поради тоа на еден пункт биле фатени.
„Знам што направив може да се толкува вака или онака, но тоа беше единствено решение во моментот, друго решение немав, освен да чекам нешто, некого... А не беше време за чекање туку за акција. Полтава е на автопат кој води од Харков до Киев, а добро се знае за жал какви борби се водат околу тие гадови и колку е патот меѓу нив важен. Така и клубот исто има уште возилла, а ова со денови никој не го користеше“, продолжува Рајко Стругар.
Патот на крај морал да го менува поради воената зона.
„Имав спрема рута, ама наидовме на пречки: два срушени моста, барикади... Моравме да одиме по околни селски патишта, слушавме авиони како надлетуваат, и дека имаше детонации во близина на Полтава“.
Кога стигнале до пунктот со полиција на која ѝ било јавено дека е украден мини-бус, им го одзеле возилото.
„Штом главниот човек на тој пункт отиде со нашите документи знаев дека има проблем. Кога се врати ни кажа дека мора да го напуштиме мини-бусот, зошто добиле пријава за кражба... Беа љубезни, им беше јасно во каква ситуација сме, но немаа друг избор“, вели Стругар, помалку несвесен дека лесно можеле да ги соберат и вратат назад.
Кај пунктот на автопат стоеле два часа и со помош на полицијата пробувале да фатат автостоп до граничниот премин Гојанул - Ноу Платоново.
Конечно патот го продолжиле кога после долго чекање и стопирање ги примил брачен пар од Молдавија. Ама па тогаш слушнал дека татко му заминал по него во Украина..
„Денот кога почна војната, татко ми тргна од Црна Гора, стигна до Молдавија да ме сочека некаде. Бевме во контакт, се договоривме каде да се најдеме, но кога му јавив дека останав без возило, он решил да тргне накај мене. Влегол во Украина а јас бегам од Украина... Се сретнавме на 50-ина километри од границата во украинска територија. Мојот соиграч и јас сменивме дури и трето возило и на крај стигнавме во безбедна зона. Можеби во последен час зошто слушнав дека тој граничен премин веќе е буквално пренатрупан.
Многу им помогнал конзулот на Црна Гора во Молдавија, Андреј Стратан.
„Со него бев во комуникација, направи најмногу се што можеше. Беше со нас во Кишињев (главен град на Молдавија), ни обезбеди хотел, не изнесе на вечера. Бев во постојана комуникација со Горан Полексиќ, амбасадор во Романија, со Никола Караникиќ од министерство за надворешни работи како и со Иван од нашата амбасада во Киев кој многу ми помогна таму и се интересираше и покрај се што се случува. Фала им многу на тоа, на грижата, направија се што можеа“, го завршува својот расказ со среќен крај црногорскиот одбојкар кој сега привремено ќе тренира со ОК Будва.