Емотивен меч за Украинците во Шпанија во групата со Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација, помалку и очекувано, поради ослабениот состав и многу младинци во екипата, изгуби со 21 поен разлика од Грузија (91:70) и го претрпе и третиот пораз во групата во која Шпанија славеше 88-74 против Украинците кои пред мечот емотивно ја испееаа државната химна.

Присутните гледачи во салата и шпанските репрезентативци на крајот од мечот со аплауз изразија солидарност со кошаркарите на Украина чија земја е во воен конфликт:

Во недела Македонија во Скопје ја пречекува Грузија, а реванш мечот меѓу Украина и Шпанија е одложен на неопределено време. На табелата води Шпанија со 6 бода од три победи. Втора е Грузија со две победи и еден пораз со 5 бода, а Македонија е последна со три порази и три бода.

25 февруари 2022 - 09:36