Зајков пред три дена даде изјава дека аеродромите во Украина се затворени и дека нема можност за патување ниту со воз, па единственото чаре да избега од војната е со кола, за што чекаше прва таква прилика.
Тој преку социјалните мрежи заедно со сопругата Љупка известија дека живи и здрави ја напуштиле Украина и дека се во Унгарија.
Независен пишува дека патувале заедно со уште еден автомобил во кој имало хрватски фудбалери.
Во Унгарија биле пречекани од родителите на еден од хрватските фудбалери и сега се на безбедно и се подготвуваат да се вратат во Македонија.
Зајков бил цело време во контакт со македонскиот амбасадор во Унгарија и владата.
„Поминавме огромна голгота и изнагледавме многу лоши слики по патиштата низ Украина во овие 3 дена“, напиша на Фејсбук неговата сопруга