Роман Абрамович протеран од Велика Британија?

Британските таблоиди, во прв ред Дејли Мејл, пишуваат дека на денешните собраниски средби се донела одлука на сопственикот на гигантот и европски шампион Челси да биде протеран од земјата.

Роман Абрамович неколку месеци не е виден во својот луксузен дом во Лондон а во Британија на големо се пишува дека тој можно е во догледно време да има забрана за влез во земјата.

Имиграционите служби наводно добиле упатства да му забранат на Абрамович враќање во неговата вила близу палатата Кенсингтон за која пред неколку години платил повеќе од 120 милиони фунти.

На случајот на рускиот магнат и долгогодишен успешен сопственик на Челси работи посебна имиграциона единица. Абрамович е меѓу 35-те руски олигарски кои најголемиот опозиционер на рускиот претседател Путин, Алексеј Наваљни ги оцени за клучни во поддршката на режимот во Русија.

Владата на Велика Британија денес на вонредна седница покрена низа акции против Руската Федерација поради војната интервенција на истокот од Украина. 

Први, како по обичај кога е ова тема во прашање, на удар се најдоа руските олигарси.

Абрамович во 2018-та година и официјално станал државјанин на Израел благодарение на неговото еврејско потекло и тоа му помогнало да може шест месеци да престојува во Велика Британија, со израелски пасош.

Богатството на Абрамович се проценува на околу 8,4 милијарди фунти. Тој поседува многу недвижности, а најскапоцен имот има во ултра-модерните јахти од кои последната, најновата Соларис го чинела 450 милиони фунти и била изградена само за него. Таа поседува и систем за детекција и одбрана од проектили.

24 февруари 2022 - 14:44