Кинескиот тинк-танк што го советува претседателот Ши Џинпинг тврди дека Русија може да ги истрпи санкциите кои и биле наметнати во изминатите денови, и предвидува дека САД и европските сојузници на крај ќе плаќаат заради поддршката на Украина, објавува Блумберг.
Харков е еден од двата големи украински града (вториот е Мариопул) кој се очекува да биде окупиран од руските сили во текот на денот. Симболиката на Харков е и што е вториот по големина град во Украина, се наоѓа во близина на границата со Русија, а добар дел 1,5-милионската популација се етнички Руси, заради што на кратко беше „освоен“ во про-руските немири во 2014.
Ние на Запад толку навикнавме да ги мамиме другите што очекуваме тие секогаш тоа да го прифатат како нормално и да продолжат како ништо да не било, вели професор на дипломатската школа во Женева. По него, денес ќе немаше конфликт во Украина ако Обама, Нуланд и неколку европски лидери на времето не извршија вулгарен пуч за да стават свои марионети во Киев.
Прв воените злосторства на руските сили во Украина ги спомена Зеленски, сега неговиот став добива на сила и поддршка. Литванија веќе размислува за „Хашки трибунал“ за Украина. Други потсетуваат дека може треба да се оди по ред.
Само по еден ден од инвазијата, Русија контролираше речиси една третина од светскиот извоз на пченица, три-четвртини од светскиот извоз на сончогледово масло и значителни количини јачмен, соја и други житарки. Згора на ова само на Украина отпаѓа 16% од светскиот извоз на пченка, пишува Политико.
Не по сопствен избор ЕУ ќе успее да блокира само половина од резервите што ги има Централната банка на Русија, бидејќи другите им се недостапни. Слично е и со исклучувањето од СВИФТ кое ќе биде делумно.
Инспирирана од последните случувања во нивното соседство, Германија објави план за поставување на „специјален фонд“ со кој ќе се приоритизира трошењето за подобро опремување на германската војска.
За озлогласениот батаљон Азов на Фејсбук не смееше да се зуцне уште од 2019 година а овие украински нео-нацисти беа категоризирани во иста група како Исламската држава или Кју Клукс Клан. Сега ќе може да бидат и пофалени, ако е тоа поврзано со Русите.
Уште кога беше амбасадор во Москва (пред 13 години), сегашниот директор на ЦИА има испратено депеша дека Украина во НАТО ќе значи пречекорување на руските црвeни линии и дека кога Путин ќе каже ЊЕТ, тоа значи ЊЕТ. Запад го игнорираше тоа и продолжи со карикатурално портретирање на рускиот претседател.
Слично на вицот за видовњакот што не можел да предвиди дека ќе биде удрен од кола, првиот човек на германското разузнавање заглавил во Киев откако бил изненаден од руската инвазија на земјата.
Русија и Украина можеа да ги средат односите како САД и Канада ама некому му одговараше да флертува со украинските нацисти за Украина да биде монокултурна, милитаризирана и трајно непријателска кон Русија, пишува поранашен амбасадор на Австралија во Полска. Путин, Макрон и Шолц бараа излез но не можеа да ја спречат будалестата решителност на Вашингтон и Киев да се испровоцира руската мечка.
Додека уште не се забрефтани битките за одбрана/освојување на стратешките воени и урбани центри на Украина, сред Црното море на едно сосема небитно парче земја познато како Змискиот остров 13 украински војници го отслужија својот последен ден за Украина.
„Украина е оставена сама. Кој сака да се бори за нас? Не гледам такви,“ ќе изјави украинскиот претседател на синоќешната прес-конференција на која објави дека 137 украински војници загинале во борбите со руската армија, а 316 биле ранети.