Неодамна, по седум години и седум месеци, Дежуловиќ престана да ја пишува редовната колумна во сараевско „Ослобоѓење“, онаа која секојпат почнуваше исто - со другар му Кожо кој во два по полноќ му се јавуваше да му каже виц. Но неговото откажување не е ни смешно, и не е виц. Панчиќ го нарекува (само)кастрација на медиумите, без оглед на страната на политичкиот спектар на која припаѓаат.
Shaleva е париски бренд за специфични парчиња со неколку колекции зад себе - и притоа - човек тешко може да спои една колекција со друга, без разлика што доаѓаат од истиот дизајнер. Можеби затоа што една знае да биде романтична, цветна и бисерна, а другата класична француска елеганција и да немаат врска меѓу себе, а сепак ги спојува креаторот на брендот - Душица.
На човек на кој првиот добар лак во животот му бил Сали Хансен лак може ќе му биде тешко да поверува, ама кога ќе ти текне дека тоа е голема фирма што по дефиниција обично краде од малиот човек - па и не толку. Значи магнатот за лакови Сали Хансен го тресе скандал - со крадење финти од една што прави нокти.
Две сликовници, во сосема ист формат и за иста целна група, едната напишана од ќерката и жената на потпретседателот на САД, а другата од Џон Оливер. Што ли би можела да биде разликата?
„Теоријата на благонаклоно реметење“ е уште една во редицата обиди да се објасни природата на хуморот. Работата е што луѓето главно не се благонаклони, па оттаму и реметењата стануваат не-смешни.
Глумиците повторно ќе протестираат во црни фустани на доделувањето на наградите на Британската академија за филм и телевизија, како што тоа го направија нивните колешки во Холивуд. Има ли поента? Ќе видиме.
Од сите книжевности на светот, најмистериозната припаѓа на Велигденските острови, денес чилеанска територија во југоисточниот Пацифик. Таа е напишана со писмо - ронгоронго - кoe сè уште никој не го дешифрирал. А можеби е и подобро тоа никогаш да не се случи.
Карл Лагерфелд е сериозен и монохроматски од надвор и има еден куп бои од внатре. Веројатно тоа од внатре не му дозволило само „да ја наметне” неговата детска колекција на тие што треба да ја носат, или да дозволи родителите збеснати по неговите креации да си ги облекуваат децата, без децата да знаат колку е тоа значајно. И затоа ја имаме: Најубавата модна бајка на светот.
Грчки филм, кој неправедно е класифициран како комедија. Во него нема речиси ништо смешно - се работи за мрачна драма, која иако почнува лефтерно, полека но сигурно преминува во мачнина. И тоа не затоа што филмот е лош, напротив, затоа што е многу добар.
Не се сеќавам кога последен пат сум присуствувала на искрени стоечки овации по завршување на проекција, а камоли да се работи за документарец. Ама и тоа се случи, на домашната премиера на овој во основа неамбициозен, но крајно „фил гуд“ македонски филм, правен со многу љубов. И ова не е лажна вест.
Џули Бурчил лани ја прочитала книгата на Марина Абрамовиќ и во еден осврт на ова самобендисано дело, на оваа самобендисана авторка, мирно, остро и прекрасно цинично ни се провикнува, „луѓе бе па, па царот е многу, многу гол“.
Човекот се вика Хозе Алберто Гутиерез и е чистач од Богота, Колумбија. Има завршено само основно, но неговата библиотека содржи повеќе од 20,000 фрлени книги.
Од објавувањето во 1966, славниот роман на Капоти има доживеано бројни фалби, но и критики. Сега, по вестите за можен ракопис чиј автор е еден од ликовите на „Ладнокрвно убиство“, приказната дополнително се комплицира.
На прво зуење звучи како книгава навистина да ја заслужува наградата за неинвентивност и неупотребливост. Но ако човек малку се задлабочи, мувиве можеби треба да ја добијат вистинската Нобелова.
Додека нашите деца се подготвуваат за преживување во понекогаш суровите услови на школскиот двор со „Итар Пејо“ и „Малиот принц“, Јапонците имаат попрактично решение. Сун Цу за почетници.
Не дека славниот сликар немал психички проблеми, но тие не само што не биле извор на креација, туку му ја оневозможувале работата на подолги периоди. Нова изложба во неговиот музеј во Амстердам се обидува да прикаже една пореална слика наспроти онаа романтичната, според која за уметноста е к'смет да си луд.
Француски филм, кој почнува како комедија а завршува како драма, чиј наслов посоодветен за наш контекст би бил „Проблемот со името". Затоа што, токму за тоа и се работи.
Неколкуте зборови на почетокот на книгата „за тој и тој/таа и таа/тие и тие.." откриваат многу за оној кој ја напишал и неговите семејни, љубовни и социјални врски. Посветите можат да бидат трогателни, забавни, но и мистериозни, и да кријат некаква тајна порака.
Го гледавте „Обложување на столетието" (осврт тука) и бевте малку ко потресени? Ајде сега како изгледа тоа исто капиталистичко срање на базично ниво, кога сведочите, макар и со посредство на филмска камера, одземање на нечии домови.
Викендов беа доделени наградите на фестивалот Санденс. Онаа на публиката и на жирито ја доби „Раѓање на нацијата", којшто зборува за побуна на еден афро-американски роб во 1831.
Ко за почеток два совета:1. Ако сте родител (посебно мајка) обавезно гледајте го филмов.2. Ако сте родител (посебно мајка) никако не го гледајте филмов** или барем спремете марамчиња