Еден мал, црн фустан - 32 начини

Не дека не знаевме, ама никогаш не боли да се потсетиме уште еднаш колку се многу опциите кога ќе ти се погоди малиот црн фустан.

Лагерфелд вика дека не можеш да бидеш ни премалку ни премногу дотеран во мал, црн фустан, што е точно (и почувствувано на своја кожа), кога ќе размислиш дека едноставноста на фустанот дозволува толку многу варијанти, што со истиот можеш на плажа во апостолки, а ако ставиш сериозно јак накит, чизми и сако, наредниот ден да одиш на свадба.

Овде има видео со идеи и жени од сите величини, бои и возрасти, сите ги спојува малиот, црн фустан. Има само 32 варијанти, ама замислете уште колку многу може да има.

28 септември 2017 - 09:22