Дигиталниот речник на македонски јазик го дефинира пингвинот како „голема црно-бела јужнополарна морска птица што не лета, оди исправено, но вешто плива“. Слично стојат работите и во Меријам-Вебстер, речникот на англиски јазик, каде тоа е „исправена птица која не може да лета, а живее на јужната хемисфера“. Кога би прашале тројца од нас што е „пингвин“ сигурно не би добиле три ни приближно толку слични дефиниции.
Од 1938, откако Алфред Батс ја измислил „Скребл“ - играта на составување зборови, од неа се продадени над 150 милион примероци. Проценето е дека на секој час околу 30.000 луѓе започнуваат да ја играат, на 30 различни јазици (меѓу кои и неофицијална македонска верзија). Но сето ова не би се случило да не бил Батс голем фан на Едгар Алан По.
Времето во прозата полека но сигурно забрзува - ова е заклучок на научна статија во која истражувачите се обиделе да откријат кое е просечното времетраење опишано во типичен прозен пасус во литература на англиски јазик и како тоа се менувало во последниве векови.
Минатата недела, на 99 години, почина Емаху Цеге-Маријам Губру, композиторка и пијанистка која со својот талент, но и активизам, оставила голем печат во етиопската култура. Познавачите велат дека нејзиното име треба да се најде на списокот славни композитори на 20 век.
Неодамнешата одлука на училиште во Флорида да изврши притисок врз својата директорка да поднесе оставка, откако на час била прикажана голата статуа на Давид на Микеланџело, го зголеми интересот за ова дело. Но покрена и уште едно, поинтересно прашање. Зошто, побогу, неговиот, а и пенисот на голем број други антички скулптури е толку мал?
Анализа на животниот век на Европејците од високиот слој покажува кога и зошто нивните животни векови почнале да се продолжуваат. Причините за ова се во втор план, но може да си играме со претпоставки.
Ирецот Мајкл Мини, за пријателите „Мик“, имал добра репутација во Лондон. Бил познат по својата физичка снага, што го правела пожелен градежен работник, но и по љубовта кон боксот и желбата да стане професионален борач. На патот кон остварување на своите амбиции тој одлучил да преземе радикален чекор.
Од 1950-тите, кога поседувањето телевизор од луксуз постепено стана вообичаена работа, кино салите функционираат под постојана закана на нерентабилност. Особено оние помалите, вон светските синџири кои ги прикажуваат најновите филмски хитови. Еден јапонски ентузијаст одржува во живот кино сала и 58 години по нејзиното официјално затворање.
Покрај сите фалби за Брендан Фрејзер во улогата на прекумерно тешкиот професор по книжевност и критиките за „тенкото“ сценарио и наводното стереотипизирање на дебелите, некои од вредните елементи на овој филм останаа во сенка. Меѓу нив врската со еден друг реален и метафоричен кит, оној на Мелвил.
Сопствениците на печатници ги нарекувале „Д сфивтс“ (брзите) поради нивната генерална физичка кондиција, но и поради прецизноста во сложувањето поединечни букви во зборови. Својата вештина можеле да ја измерат и на натпревар, кој прв пат бил одржан при крајот на 19 век во Бостон.
На новогодишната ноќ во 1995, шестгодишниот Калвин и неговиот плишан тигар Хобс се излизгаа на санка за последен пат. Тоа изгледаше како одјава на Бил Вотерсон, чиј стрип „Калвин и Хобс“ беше објавуван во 2400 весници низ светот. За среќа, тој има уште нешто да каже.
Адам Даниел од сајтот „Конверзејшн“, во текот на пандемијата решил да направи експеримент: да го гледа „Денот на мрмотот“ секој ден, во тек на 365 дена. Таквото повторливо втопување во едно исто дело му отворило нови хоризонти.
Соодветно на понеделничкиот старт, есеј кој само навидум е демотивирачки: ако веќе сме укинале или преиначиле нешта кои со милениуми сме ги сметале за такнато-макнато, зошто не би можеле да ја укинеме и апсурдната потреба да губиме време спиејќи, и уште повеќе, мачејќи се да станеме насабајле. Зошто не би лебделе постојано во оној меѓупростор помеѓу јавето и сонот (или обратно), каде со задоволство може да констатираме дека ние не сме (баш) ние?
Еден италијански филм стана вредно парче интелектуална сопственост. Зошто? Затоа што она што се случува во него со мали адаптации може да биде препознаено во различни култури - од Исланд до Блискиот Исток.
Физичката работа често знае да биде напорна. Но она што многумина кои денот го завршуваат испотени и физички исцедени не можат да го разберат, е дека менталниот труд исто така уморува. Причините за второто до сега беа малку истражени, но сега има теорија која изгледа како да држи вода.