- Програмата за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе започне во 13 часот во паркот „Ибн Пајко“ (во близина на Средното музичко и Даут пашиниот амам) со музика за деца и млади, па потоа ќе следува Квартет - Акварела, Никола Бочваров – Квартет, Филип Динев Трио - Филиp Динев/Тилман Обербек/Јан Цајмец, ЗЏМ Биг Бенд - Прект Запа, Јуре Пукл Орган трио - Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит и Адедџи “Јорува Одисеја”.
- Меѓународниот ден на џезот е прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.
- Идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Во Македонија на ваков начин се одбележува по седми пат.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.