- Саемот на книга 2023 ќе трае од 4 до 10 мај година, во арена Борис Трајковски, секој ден од 10 до 20 часот, а последниот ден саемот ќе биде отворен до 18 часот.
- Организаторот, Скопски Саем, најавува богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи, а се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30.000, како пред пандемичниот период. Цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици.
- Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави оние кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, во петок, во 12 часот ќе биде организирана трибина во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.