„Сјајот“ и бедата на овој ќерпич од држава

За првото види:

Првоаприлски подебавања со Пазарна инспекција

За второто види:

Српски колекционери останаа без 500 стари грамофонски плочи, им ги запленила царината зашто ќе се продавале како нецаринета стока на Балкански фестивал на винили во Куманово

**************

Фејсбук пост на Тошо Филиповски:

Дали ние, љубителите на слушање (и колекционирање) музика на винили (грамофонски плочи) сме криминалците во оваа држава кои треба да бидат уловени, уништени....за да ни “процвета” државата?

Ако е така…..ете, се пријавувам/е како доброволец/и.....курбан што би се рекло....Затворете ме/не.

Ме/Не засрамивте пред стотици луѓе...пред гостите што редовно ги каниме да доаѓаат и кои доаѓаат затоа што низ годините се докажавме дека сме добри домаќини, и дека сакаме да се дружиме.....затоа што така ни е полесно.....во нашиот свет на винили, не потпаѓајќи под вашето влијание...на тмурно секојдневие...Не засрамивте како народ....како група на луѓе....колекционери....не засрамивте пред цел ОТВОРЕН БАЛКАН.

Од вчера, по се што се случи, ништо повеќе нема да биде исто.....никој нема да сака повеќе да дојде и да биде малтретиран .....ниту пак берзите ќе имаат некаква смисла доколку останат само локални.

Уште една ефтина (но прекрасна) забава за обичниот народ – е уништена.

Она што вчера се случуваше во Куманово е причината за овој мој пост. А се случија многу немили работи, кои можеби и можеа (и требаше) поинаку да бидат поставени (веројатно и превенирани) за да се избегнат непријатни сцени во кои НАШИТЕ пријатели од ОТВОРЕН БАЛКАН (Србија, Црна Гора, Косово) беа легитимирани на берза за винили, им ги запленија плочите, и проследени во колона од возила (како на филм) со полиција..испрашувани во Скопје – како најголеми криминалци од ЗАПАДЕН БАЛКАН.

Утрово (03.04.2023) моите/нашите драги пријатели, со одземени пасоши, се спроведени на “преки суд” прекршочен суд, и во моментот се во исчекување на изрекување на казни. Вината е ......(сеуште не ја знам точната формулација) но со оглед на тоа дека во Куманово се појави Царинска Контрола, претпоставувам дека делото е квалификувано како шверц преку граница на 500-ина плочи од 5 колекционери од ОТВОРЕН БАЛКАН (Србија, Црна Гора, Косово)....

Не сум сигурен дали сега треба подетално да ја објаснувам непријатната ситуацијата, но морам...им го должам тоа и на пријателите, но и на тие неколку инспектори кои беа довлечени на берзата и кои колку – толку коректно се однесуваа (слушнав дека така било и при испрашувањето во царина) .... и кои го направија тоа што било побарано од нив, затоа што ПРИЈАВАТА од правен субјект е поднесена а ОДОЗГОРА притисок бил да се оди до крај....најстрого што се може.

Ете.....Куманово, 02.04. ТРЕТА РЕГИОНАЛНА БЕРЗА НА ВИНИЛИ, настан кој постои во секое коше на планетава.....или ете, ајде, во Европа.....или ако сакате...и на Балканот (отворен). Берза (Винилна конвенција, Винил маркет....) е настан каде љубители на музиката/колекционери купуваат/се менуваат/продаваат плочи, стрипови, маици, беџеви....и што уште не. И каде социјалниот момент, на дружење, разговори, пијуцкање, надмудрување, шегување, заеднички ручек/вечера.....е лајтмотивот за добра забава на сите.....пардон.....од вчера се испостави дека не баш на сите. Има луѓе кои поинако ја толкуваат забавата.....со чинење ЗЛО на други.

Берзите како настани кои насекаде се максимално толерирани и уште повеќе, стимулирани од локалните заедници, и без исклучок се третираат како културни настани....со настапи на DJ-и, бендови, работилници...... И никој од тоа не се обогатува.....ама сите се со прекрасно поминат ден (или викенд).....меѓу стотици плочи, од кои голем дел можат да се видат само таму и следен пат којзнае каде/кога......Ама ете, некому ова му засмета. А вината за немилиот настан, верувале или не, не е најголема кај Царинската полиција (како и да се вика). Тие само постапувале по наредба..по закон...поточно по ПРИЈАВА од наш совесен граѓанин....(шпекулациите велат) ТРГОВЕЦ со плочи.....кој се почуствувал загрозен од “конкуренцијата” (локална и регионална) која во најголем дел ја сочинуваат негови муштерии, а во желба да ги уништи сите оние што купуваат/продаваат/менуваат стари (second hand) плочи и техника, ПОДНЕЛ пријава до Царинска полиција......со ургенции, да биде максимално строго спроведена заплената на плочите. Па во некоја таква констелација (неофицијално бил отворен предмет уште пред неколку дена, и сите гости со име и презиме биле следени во комуникациите – кога ќе пристигнат).....најпрво гостите биле пропуштени на граница (каде уредно доставиле покана од организатор и најавиле/покажале дека носат грамофонски плочи), и без проблем пристигнале во Куманово.....каде на 30 минути пред почетокот на БЕРЗАТА НА ВИНИЛИ, пред мои очи, се случи упад, легитимирање (и на нас домашните изложувачи, но кога ќе кажевме дека сме домашни, одеа на следниот) на гостите од ОТВОРЕН БАЛКАН и запленување на се што тие носеа (за воља на вистината нешто успеавме да им “спасиме”. Целата акција се спроведуваше пред очите на сите дојдени....љубители на винили од цела Македонија....Дојдени да видат, купат/разменат/продадат стари плочи кои веќе не ги слушаат .....но најмногу од се......да се дружат. Во исчекување на изрекувањето на пресуди на нашите драги пријатели (овие од Србија најмногу настрадаа)....и со надеж дека тие околу 500 запленети плочи ќе им бидат вратени.....

ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ (ОД ИМЕТО НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ВИНИЛИ) ЗА СИТЕ НЕПРИЈАТНОСТИ КОИ ГИ ДОЖИВУВАТЕ ВО НАШАТА МИЛА МАКЕДОНИЈА !!!!

A ние кога-тогаш ќе го дознаеме името на овесниот граѓанин (кодошот).....како беше она, војвода, комита и кодош?

p.s. Казните се изречени, за воља на вистината....подносливи за плаќање и ќе бидат платени. Пријателите ја напуштија Македонија. Плочите останаа запленети. Има некој сознанија како и што понатаму со тие плочи? Ќе ги лапне некој? Луѓето би сакале да добијат можност да си ги откупат......

Некој да помогне со правен совет?

4 април 2023 - 13:25